Dr. Brown’s – кога сакаш помалку грчеви, помалку плачење и полесно секојдневие со твоето бебе

Секоја мајка го знае тоа чувство. Хранењето е завршено, а вашето малечко и понатаму плаче, се врти, ги подига нозете кон стомачето. Грчевите кај бебето се меѓу најчестите причини поради кои новите родители речиси и не спијат. И тоа не е претерување-истражувањата покажуваат дека речиси половина од сите бебиња развиваат симптоми на колики во првите месеци. Но сега имаме добра вест. Вистинскиот избор на антиколик шише за новороденче може навистина да промени сè.
Токму затоа Dr. Brown's повеќе од 20 години е најпрепорачувано бебешко шише од педијатри ширум светот и токму затоа може да го најдете во Зегин. Dr. Brown’s е посветен на создавање внимателно дизајнирани и научно потврдени производи за хранење на бебињата од 1996 година, а главната причина била токму коликите на синот на д-р Крег Браун.
Зошто бебињата добиваат грчеви при хранење? | Што е антиколик шише? | Зошто Dr. Brown's? | Производи Dr. Brown's достапни во Зегин | Најчести прашања на родителите (FAQ)
🤱 Зошто бебињата добиваат грчеви при хранење?
Грчевите кај бебињата најчесто се предизвикани од голтање воздух при хранење. Кога воздухот се задржува во стомачето, создава притисок и болка. Антиколик шишињата со вентилациски систем помагаат да се намали овој проблем и да се олесни хранењето.
Замислете ја следната сцена: 2 часот наутро, бебето штотуку пиело млекце, а наместо да заспие — почнува да плаче. Ги стега ноџиња кон стомачето, лицето му е зацрвенето. Вие сте исцрпени и немате идеја што повеќе да направите.
Причината најчесто е воздухот. Кога бебето пие млеко - мајчино или формула - заедно со течноста голта и воздух. Тој воздух се собира во стомачето, создава притисок и предизвикува болни грчеви (колики). Кај традиционалните шишиња бебето мора да цица сè посилно за да извлече млеко, при што се создава вакуум - кога цуцлата повторно се надувува, воздухот влегува во шишето и директно завршува во стомачето. Покрај болката, присутни се и гасовите, честото подригнување и враќањето на млекото назад -бљуцкање (рефлукс). Резултатот е уморна мајка, немирно бебе и нарушен сон за целото семејство.
Истражување спроведено со 1003 мајки покажа дека 62% од нив се чувствувале фрустрирани бидејќи не можеле да го решат проблемот, 29% изјавиле дека плачењето предизвикувало огромен стрес во домот, а секоја петта мајка се чувствувала виновна - мислејќи дека таа самата нешто греши (The Colic Report (Mothers)" од April 2010, нарачан од Dr. Brown's Natural Flow). Шишето за бебе против грчеви (анти колик) не е луксуз. Тоа е практична инвестиција во мирот и спокојот во вашиот дом.
🍼 Што е антиколик шише и зошто е важно?
Антиколик шишето е најефикасното решение за намалување на грчевите кај бебето предизвикани од голтање воздух при хранење. Вградениот вентилациски систем го насочува воздухот надвор од млекото, со тоа бебето голта значително помалку воздух.
Принципот е едноставен, но резултатот е огромен: наместо воздухот да се меша со млекото, специјален внатрешен систем го отстранува пред бебето да го голтне. Стручњаците ова го нарекуваат „vacuum-free feeding" - хранење без вакуум, кое е најблиску до природното доење.
⭐ Зошто Dr. Brown's е еден од најпопуларните избори за најдобро шише за бебе?
Dr. Brown's не е само уште едно шише на пазарот. Тоа е патентирана технологија создадена уште во 1996 година во САД од доктор Craig Brown, која денес ужива доверба кај педијатри и родители на сите континенти. Ова е брендот кој ги поставил стандардите за тоа какво треба да биде антиколик шише за новороденче - и повеќе од две децении никој не успеал да го надмине.
Бројките зборуваат сами за себе. Само 15% од бебињата кои користеле Dr. Brown's во раните месеци развиле симптоми на колики - наспроти 42% и 40% кај светски познати конкурентски фирми. Кога мајките одлучиле да го сменат шишето поради колики, Dr. Brown's бил прв избор кај 43% од нив. И уште поважно - три четвртини од тие мајки забележале подобрување на симптомите, а 36% рекле дека ефектите биле видливи уште по првото хранење (The Colic Report (Mothers)" од April 2010, нарачан од Dr. Brown's Natural Flow).
Бебешките шишенца „Д-р Браунс“ не содржат БПА и ПВЦ, фталати или олово.
Клинички докажан вентилациски систем
Шишињата на Др. Браун се 100% без вакуум. Внатрешниот вентилациски систем на Dr. Brown's е патентиран и клинички докажан. Го отстранува воздухот од млекото уште пред бебето да почне да цица, со тоа создавајќи вистинско „vacuum-free" хранење. Помалку воздух во стомакот значи помалку колики, помалку гасови и помалку подригнување. Токму затоа 92% од здравствените работници во Велика Британија го препорачуваат Dr. Brown's за ублажување на количните симптоми (Dr Brown’s Leaflet).
Помал ризик од отитис медиа
Бидејќи воздухот и млекото не се мешаат, ризикот од инфекции на средното уво е намален. Намалувањето на внесот на воздух спречува насобирање на течности во Евстахиевите туби, намалувајќи го ризикот вашето бебе да развие инфекции на средното уво (otitis media).
Природно и контролирано хранење
Системот овозможува стабилен проток без притисок, што му дозволува на бебето да пие со сопствено темпо – слично како при доење.
Подобра дигестија и помирно бебе
Со помалку воздух во стомакот → помалку непријатности. Хранењето станува помирно и поудобно, плачењето се намалува, бебето има подобар сон, а со тоа и целото семејство.
Зачувување на витамините во млекото
Ова е предност за која малку родители знаат: Dr. Brown's системот ја намалува оксидацијата на млекото, со тоа помагајќи да се зачуваат витамините Ц, А и Е и липидите - и кај мајчино и кај адаптирано млеко. Вашето бебе добива не само помирно хранење, туку и максимум хранливи вредности од секој оброк.
Options+™ - шише кое се менува и прилагодува со растот на бебето
Options+™ дизајнот е паметна долгорочна инвестиција. Тоа е единственото шише за бебе со две опции за вентилација. Шишето може да се користи со или без вентилацискиот систем - кога бебето ќе порасне и грчевите ќе се смират, едноставно го отстранувате вентилот и шишето продолжува да се користи. Еден производ, повеќе фази, без непотребни трошоци. Одберете стаклено шише за бебе или пак пластично, ефектот е ист.
Цуцла дизајнирана по примерот на дојката
Обликот на цуцлата наликува на природната форма на дојката (градата), со контролиран и конзистентен проток. Во истражување со 884 бебиња, дури 93% успешно ја прифатиле цуцлата со таков облик. Ова го прави Dr. Brown's идеален избор за мајки кои комбинираат доење со шише - без конфузија и без стрес.
👉 Сакате да го пронајдете вистинскиот модел? Разгледајте го целосниот Dr. Brown's асортиман на Зегин

🛒 Производи Dr. Brown's достапни во Зегин
Асортиманот на Dr. Brown's во Зегин е внимателно одбран за да покрие секоја фаза - од прв ден до самостојно пиење. Избери решение според возраста и потребите на твоето бебе.
Антиколик шишиња
За најраната фаза (новороденче), тука се стаклените шишиња со широк отвор (150 мл) - изработени од висококвалитетно стакло отпорно на топлина, без задржување мириси и бои, а подоцна и стаклените шишиња со широк отвор (270 мл) идеални за мајки кои претпочитаат природни материјали. За родители пак кои претпочитаат пластика, пластичните Options+™ шишиња (150 мл) со дизајни Jungle Elephant и Woodland Bunny, и Options+™ шишиња (270 мл) со дизајни Blue Goldfish и Pink Floral Starburst - лесни, отпорни на паѓање и исто толку ефикасни. И двата материјали нудат ист внатрешен антиколик систем, BPA free и лесна стерилизација во машина за садови, стерилизатор или врела вода.
Медицинско шише за бебиња со посебни потреби
За бебиња со расцеп на непцето (cleft palate), предвремено родени или со слаб рефлекс на цицање или други орални/ невролошки состојби, Dr. Brown's го нуди специјалниот Wide-Neck SFS MED медицински систем - 150 мл и 270 мл. Контролираниот проток (Controlled Flow Valve System) со еднонасочен вентил (One-Way Valve) им овозможува на родителите да помогнат во хранењето со лесен притисок (Assisted Feeding Design) - без стрес, без напор за бебето, без потреба бебето да создава силен вакуум. Производот се користи во болници и е препорачан од здравствени специјалисти.
Силиконски цуцли за шише по нивоа на проток
Еднакво важен дел од системот се силиконските цуцли во четири нивоа. Level 1 (0м+) е за новороденчиња и затоа е со најбавен проток, Level 2 (3м+) за побрзо хранење, Level 3 (6м+) за постари бебиња и Level 4 (9м+) за бебиња над 9 месеци. Нивото може да се менува без промена на шишето - сите се компатибилни со Options+™ Wide Neck моделите (практично и економично).
Цуцли лажалки за смирување
За смирување на вашето малечко, линијата HappyPaci и PreVent нудат 100% силикон без БПА, дизајнирани од педијатриски стоматолози за здрав развој на непцето.
За ноќна употреба, посебно практична е Glows in the Dark серијата - делот што свети во темнина го прави лесно да ја најдете цуцлата без да го будите бебето.
🥤 Чаша со сламка и spill proof чаша – следниот чекор во растот
Хранењето не застанува со шишето. Кога вашето малечко почнува да расте, Dr. Brown's нуди решенија за секоја фаза - совршено осмислени за безгрижни денови без нереди.
Insulated Straw Cup со рачки (300 мл) е идеалниот следен чекор по шишето. Мека силиконска сламка помага бебето да научи да пие на природен начин, spill proof лизгачкиот капак ја штити сламката при транспорт, а двојниот изолациски ѕид ја одржува течноста свежа подолго. Рачките се дизајнирани за мали рачиња — и можат да се извадат кога детето ќе порасне. Совршени за дома и за на пат.
Cheers360™ — spill proof чаша за бебе (6м+)
За малку помалите, Cheers360™ е паметна транзициска spill proof чаша за бебе без цуцла и без сламка. 360° силиконскиот вентил му овозможува на детето да пие од која страна сака - токму како од вистинска чаша, но без ризик од истурање. Ова ја прави идеална како прва чаша за бебе од 6 месеци. Кога детето ќе биде подготвено, вентилот едноставно се отстранува и чашата станува обична.
❓ Најчести прашања на родителите
Кое шише е најдобро за бебе?
Најдобар избор за бебе е антиколик шише со внатрешен вентилациски систем кој го одвојува воздухот од млекото. Овој систем спречува создавање вакуум при хранење и го намалува внесот на воздух, што директно влијае на помалку грчеви, гасови и бљуцкање. Ваквиот начин на хранење е најблизок до природното доење и овозможува поконтролиран и рамномерен проток на млеко.
Како да се намалат грчевите кај бебе при хранење со шише?
За да се намалат грчевите кај бебе при хранење со шише, важно е да се комбинира правилен избор на шише со правилна техника. Користете антиколик шише кое го намалува внесот на воздух, држете го бебето во благо исправена позиција за време на хранење и правете паузи за подригнување. Внимавајте и на протокот на цуцлата – ако е пребрз или пребавен, може да предизвика дополнително голтање воздух и непријатност кај бебето.
Што е разликата помеѓу обично и антиколик шише за новороденче?
Обичното шише нема механизам за отстранување воздух - тој се меша со млекото и директно се голта. Антиколик шишето со вентилациски систем го насочува воздухот надвор преку посебен внатрешен канал, со тоа значително намалувајќи ги коликите, гасовите и подригнувањето.
Дали Dr. Brown's шишињата се соодветни за доенчиња?
Да. Цуцлата е специјално дизајнирана да наликува на природната форма на дојката, со конзистентен и контролиран проток. Ова го прави Dr. Brown's идеален избор за комбинирање доење со шише - без конфузија или одбивање од страна на бебето.
Кога треба да се смени нивото на цуцлата кај Dr. Brown's?
Level 1 за новороденчиња (0+ месеци ), Level 2 за бебиња од 3 месеци, Level 3 за бебиња од 6 месеци и Level 4 за бебиња од 9 месеци па нагоре. Знак дека е време за промена е ако бебето покажува фрустрација при хранење, цица долго и се замара, или ако пие премногу брзо и се дави.
Дали чашите Dr. Brown's не протекуваат?
И Insulated Straw Cup и Cheers360™ се дизајнирани со spill proof систем. Cheers360™ поседува 360° силиконски вентил кој спречува истекување, а кај Straw Cup тоа го прави лизгачкиот заштитен капак на сламката. Двете можат да се носат во торба при патување без да ви предизвикуваат стресни моменти од хаосот кој може да настане со стандардните чаши.
Каде може да се купат Dr. Brown's производи во Македонија?
На ваше барање, производите може да ги нарачате на Зегин online со бесплатна достава за нарачка над 1800 денари, во Скопје и цела Македонија, и во Зегин аптеките низ целата земја.
Грижата за вашето малечко почнува уште пред првото хранење. Во Зегин знаеме дека секоја мајка заслужува докажани производи на кои може да се потпре без размислување кога најмногу и требаат. Dr. Brown's е дел од нашиот асортиман токму поради тоа - бренд препорачан од педијатри, избран од родители ширум светот, достапен за вас online и во сите Зегин аптеки низ Македонија. 💚