DR.BACHEFF Пробеби анги капки 10 мл

DR.BACHEFF Пробеби анги капки 10 мл
130,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
012191C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Пробеби анги е сложен биокомплекс на растителни антимикробни и противвоспалителни материи (флавоноиди, терпени, ароматични киселини, естри и др.). Носители на фармакодинамското дејство на Пробеби анги се прополисот и жалфијата. Антибактериското дејство е насочено врз 74 бактериски соеви од 19 видови на патогени и непатогени бактерии.

Индикации:
Традиционално се употребува при акутни и хронични заболувања на ждрелото, горни респираторни патишта, афти, херпес симплекс инфекции, грипозни и реконвалесцентни состојби, воспалителни процеси на непцата, болни ерозии во устата и болки при никнување на забите.

Придобивки:

  • Има пријатен вкус и доенчињата/децата лесно го поднесуваат
  • Лесно го отстранува непријатниот мирис од устата
  • Не ја нарушува нормалната цревна флора и не предизвикува резистентност на бактериите
  • Ја намалува токсичноста на антибиотиците, го спречува населувањето на Candida albicans што наметнува потреба од нивна заедничка употреба при потешки болни состојби

Пакување: 10 мл

Содржина

Состав: 5.0 г прополис екстракт (Propolis extract), 0.1 г жалфија (Salviae off.), 0.3 г нане (Menthae Piperitae), 0.1 г анис (Pimpinella Anisum), 0.6 г сладок анасон (Foeniculum Vulgare), пропилен гликол (Propylene glycolum).

Употреба: За деца од 1 до 3 години: до 30 капки во текот на денот, поделени во 3 до 4 дози пред јадење или со премачкување на непцата и лигавицата на усната шуплина.

Предупредување: препаратот е додаток на исхрана. Не се препорачува за лица чувствителни на некоја од состојките. Додатоците во исхрана не се користат како замена за разновидна исхрана. На ткаенини остава траги кои тешко се отстрануваат. Не содржи вештачки бои и конзерванси. Да не се надминуваат препорачаните дози.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се