DR.THEISS Еукалиптус Ц балсам, 50 г

DR.THEISS Еукалиптус Ц балсам, 50 г
243,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
008330C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Мукоплант - еукалиптус

Маст за надворешна употреба – дермална употреба (за втривање) и респираторна употреба (инхалација), со светло жолта боја и пријатен мирис на еукалиптус.

Се употребува за подобрување на општата здравствена состојба и олеснување на симптомите на настинки при кои се засегнати дишните патишта, како на пример:

  • Некомплицирани настинки, придружени со кашлица и зголемена мукозна секреција
  • Засипнатост
  • Некомплициран бронхијален катар (воспаление на мукозните мембрани на бронхиите (бронхијална опструкција) со честа засегнатост на мукозната мембрана на трахеата (дишникот)

Пакување: 50 г

Содржина

Активни супстанции во 100 г маст:

  • Eтерично масло од еукалиптус (Eukalyptus oil) 7,5 г
  • Eтерично масло од бор (Pine sylvestris oil)7,5 г
  • Kамфор, рецемичен (Camphor, racemic)5,0 г

Помошни супстанции: масло од пченка, рафинирано, пчелин восок, жолт, тврда маст.

Начин на употреба: За втривање и  инхалација при настинка и бронхитис.

За втривање - Доколку не е поинаку препишано од лекар, маста во тенок слој се нанесува со лесно втривање на кожата на градите и грбот неколку пати во текот на денот и навечер пред спиење. По нанесувањето на маста, топлината треба да се одржува со фланелна или волнена облога или пациентот треба топло да се облече.

За инхалација - Растворете од маста количина колку зрно грашок во 1/2 л врела вода (65˚C), но не во вода што врие. Главата да се препокрие со пешкир и да се инхалира од пареата 5-10 минути. За деца во присуство на возрасен.

Маста е погодна за употреба и со апарат за инхалација кој користи врела вода. При употреба на апарат за инхалација, Ве молиме следете го упатството на апаратот.

Инхалацијата е особено погоден метод за олеснување на спиењето во случај на кашлица.

Локална употреба на кожа не се препорачува кај деца помеѓу 2,5 и 4 години и инхалација не се препорачува кај деца помеѓу 2,5 и 6 години.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се