DR.THEISS Мукоплант бршлен, 100 мл

DR.THEISS Мукоплант бршлен, 100 мл
197,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
033966C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Сирупот Мукоплант бршлен е лек со хербален состав кој се употребува за искашлување (експекторанс) во случај на продуктивна кашлица кај возрасни, адолесценти и кај деца од 2 годишна возраст.

  •  Го раствора секретот
  •  Го олеснува искашлувањето (го помага излачувањето на секретот од дишните патишта)

Пакување: 100 мл

Содржина

Активна супстанција во 100 мл сируп:
Сув екстракт од лист на бршлен (Hedera helix L. folium) (4-8:1)   154 мг
Средство за екстракција: етанол 30% (/м/м).

Помошни супстанции: калиум сорбат, хидроксиетил целулоза, арома - црна рибизла; малтитол, раствор (Е 965), анхидрид на лимонска киселина: вода, прочистена.

Дозирање:
Возрасни, адолесценти и деца над 12 години: 15 мл три пати на ден. Деца помеѓу 6-11 години: 15 мл два пати на ден.                                     
Деца помеѓу 2-5 години10 мл два пати на ден. За правилно дозирање треба да се употреби приложената одмерна чаша.

Сирупот Мукоплант бршлен не треба да се употребува кај деца под 2 години старост.
Начин на употреба: Перорална употреба.

Ако симптомите и по 7 дена од употребата на лекот, сеуште се присутни, мора да се консултира лекар или фармацевт.

Информација за пациенти со дијабетес: 10 мл сируп содржи 4 г малтитол, раствор - што одговара на околу 0.3 лебни единици.
Ова треба да се земе во предвид кај лица кои страдаат од дијабетес мелитус.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се