EASYVIT Easyfishoil Мултивит таблети за џвакање со рибино масло и холин, 30 таблети

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје
Опис на производот
EASYFISHOIL Multi е производ на база на рибино масло (со омега 3 масни киселини - ЕПА и ДХА) во комбинација со холин и мултивитамини, наменет за поддршка на здравјето и имунитетот, кај деца на возраст од 3-10 години.
- Омега 3 се есенцијални масни киселини, кои организмот не ги создава и затоа е неопходно да се внесуваат со исхраната. Придонесуваат за одржување на здравјето на мозокот, срцето и одржување на нормален вид
- Холинот придонесува за одржување на нормални когнитивни способности
- Витаминскиот комплекс во состав на производот EASYFISHOIL Multi е внимателно формулирана комбинација на сите витамини потребни за здрав раст и развој на децата
EASYFISHOIL Multi е произведен со помош на посебна патентирана технологија на комбинирање на омега 3 масни киселини со вода и липосолубилни витамини, што резултира со маскирање на вкусот на рибиното масло.
EASYFISHOIL Multi е достапен во форма на таблети за џвакање кои имаат пријатен вкус на јагода, лимон и портокал.
Пакување: 30 таблети за џвакање
Содржина
Состав: 1 таблета за џвакање содржи:
*ПДВ% | ||
Концентрирано рибино масло | 500.8 мг | / |
Вкупно Омега 3 масни киселини ДХА (докосахексаенска киселина) ЕПА (еикосапентаенска киселина) |
315.50 мг 105.17 мг 157.75 мг |
/
|
Холин | 20 мг | / |
Витамин Ц | 15 мг | 19% |
Витамин Е | 6 α TE мг | 50% |
Витамин Б3 (ниацин) | 3 мг NE | 19% |
Витамин Б6 | 0.8 мг | 57% |
Витамин А | 400 RE мкг | 50% |
Витамин Д3 | 5 мкг (200 ИЕ) | 100% |
Витамин Б9 (фолна киселина) | 150 мкг | 75% |
Витамин Б12 | 1.5 мкг | 60% |
Биотин (витамин Б7) | 30 мкг | 60% |
*препорачано дневно внесување
Состојки: Концентрирано рибино масло, засладувач: ксилитол, пречистена вода, засладувач: сорбитол, средство за желирање: говетски желатин, холин битартарат, регулатор на киселина: натриум цитрат, Л-аскорбинска киселина, арома: природна арома на јагода, Д-алфа токоферол, арома: природна арома на портокал, арома: природна арома на лимон, никотинамид, боја: екстракт од пиперка, засладувач: стевиол гликозиди, пиридоксин хидрохлорид, ретинил палмитат, холекациферол, птероилмоноглутаминска киселина, цијанокобаламин, Д-биотин.
Употреба:
- За деца од 3-10 години, по една таблета за џвакање на ден, по оброк