ESENSA Oto Perfect Aqua Olive Oil Спреј за уво, 30 мл

ESENSA Oto Perfect Aqua Olive Oil Спреј за уво, 30 мл
350,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
050206C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Oto Perfect Aqua Olive Oil содржи маслиново масло кое го омекнува церуменот и го олеснува неговото отстранување. Маслото од чајно дрво кое се содржи во препаратот ја намалува можноста за развој на бактериски и габични инфекции во увото, додека витаминот А ја стимулира епителизацијата на иритираната и воспалена слузница на увото. Растворот може да се применува и превентивно за помагање на природниот процес на чистење на увото и ја спречува појавата на церуминозен чеп, особено кај луѓе кои носат слушни апарати, бидејќи токму тие се подложни на создавање на церуминозен чеп.

Се препорачува:

  • Кај прекумерно создавање на церумен
  • Кај формиран церуминозен чеп
  • Превентивно кај пливачи, нуркачи и лица склони кон инфекции на надворешниот ушен канал
  • За одржување на хигиена на ушите
  • Кај лица кои носат слушни апарати
  • Кај задржување на вода во увото предизвикано од престој во услови на топла, влажна клима, потење, капење или неадекватна употреба на водени раствори за чистење на уши

Пакување: 30 мл

Содржина

Состав: 1 мл раствор содржи 174 мг маслиново масло, 4.35 мг ретинол палмитат (витамин А), 4.35 мг токоферол ацетат (витамин Е), 4.35 мг етерно масло од нане и 0.43 мг чајно масло.

Употреба: пред првата употреба да се притисне распрснувачот неколку пати, додека од шишенцето не почне да излегува рамномерна доза на спрејот. Шишенцето со спреј да се загрее, држејќи се во дланките (1 минута).

Наведнете ја странично главата и вбризгајте една доза Oto Perfect Aqua Olive Oil спреј раствор во уво, водејќи сметка апликаторот само благо да се потпре на ушната школка. Оставете да делува 5 минути држејќи ја главата благо наведната. Потоа исправете ја главата, пуштете го растворот да истече и нежно пребришете го увото. Кај децата благо повлечете ја ушната школка наназад, па потоа вбризгајте од производот.

За одржување на хигиена на увото, односно во превенција на насобирање на церуменот во надворешниот ушен канал, аплицирајте го спрејот 2-3 пати неделно.

Лицата кои носат слушни апарати, постапката може да ја повторуваат и почесто (неколку пати неделно).

Кога не треба да се применува Oto Perfect Aqua Olive Oil спреј растворот за уво?

  • Во случај на перфорација или недостаток на ушно тапанче
  • Во случај на постојана повреда на ушниот канал
  • Во случај на преосетливост на некоја од состојките на производот
  • Во случај на постоење на страно тело во увото
  • Пред и после хируршки интервенции
  • Кај деца помали од три години

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се