EUCERIN SUN Pigment Control Флуид за лице СПФ 50+, 50 мл

EUCERIN SUN Pigment Control Флуид за лице СПФ 50+, 50 мл
1.172,00 ден.
821,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
045477C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Eucerin® SUN формулата со многу висока заштита СПФ 50+ и патентираниот Thiamidol помага за превенција од хиперпигментација, индуцирана под дејство на сончевите зраци. Состојката Thiamidol делува на основната причина за проблемот и при редовна употреба ефикасно ги намалува темните дамки и го спречува нивното повторно појавување.

  • За секој тип на кожа
  • За рамномерен тен и сјајна кожа
  • Пријатна лесна текстура, не е масен, не остава лепливи траги
  • Брзо се впива
  • Некомедоген, погоден како основа за шминка
  • Тестиран при влажна клима

Eucerin®SUN иновациja: УВ светлината е една од основните предизвикувачи на кожни проблеми, поврзани со изложување на сонце. Високоенергетската видлива светлина може да индуцира создавање на слободни радикали, коишто дополнително ја иритираат кожата. ADVANCED SPECTRAL TECHNOLOGY комбинира УВА/УВБ филтри за многу висока УВ заштита и ликохалкон А, којшто помага за неутрализирање на слободните радикали. Хиперпигментацијата и темните дамки исто така можат да бидат индуцирани од изложување на УВ и високоенергетска видлива светлина.

Дерматолошките проучувања докажуваат: Многу добра подносливост дури и од чувствителна кожа.

Пакување: 50 мл

Содржина

Состав: Вода, денатуриран алкохол, бутил метоксидибензоилметан, етилхексил салицилат, бутилен гликол дикаприлат/дикапрат, етилхексил триазон, бис-етилхексилоксифенол метоксифенил триазин, хомосалат, октокрилен, Ц12-15 алкил бензоат, цетеарил алкохол, фенилбензимидазол сулфонска киселина, скроб од тапиока, изобутиламидо тиазолил резорцинол, глициретинска киселина, екстракт од корен од глицириза инфлата, глицерин, токоферол, глукозилрутин, изокверцитрин, хондрус криспус екстракт, ксантан гума, натриум стеароил глутамат, глицерил стеарат, карбомер, акрилати/Ц10-30 алкил акрилат вкрстен полимер, натриум хлорид, диметикон, тринатриум ЕДТА, натриум хидроксид, феноксиетанол, мирис.

Употреба: Нанесете обилно на кожата пред излегување на сонце и редовно нанесувајте повторно, особено после пливање, потење или бришење со крпа, за да ја одржите потребната заштита. Нанесување на помала количина од препорачаната, значајно го намалува нивото на заштита од сонце. Не се изложувајте премногу долго на сонце, дури и кога користите производи за заштита од сонце. Прекумерното изложување на сонце претставува сериозна опасност по здравјето. Не ги изложувајте бебињата и малите деца на силна сончева светлина. Избегнувајте контакт со очите. Оставете да се апсорбира целосно и избегнувајте директен контакт со текстил и тврди површини, за да избегнете појава на дамки.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се