FERVEX Без шеќер, 8 кесички

FERVEX Без шеќер, 8 кесички
279,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
005875C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Fervex® Без шеќер за возрасни е наменет за третман на настинка, воспаление на слузницата на носот (ринит), воспаление на слузницата на носот и грлото (ринофарингит) и состојби слични на грип (бистар исцедок од носот, кивање, солзење), главоболка и/или покачена температура кај возрасни и деца над 15 годишна возраст.

Пакување: 8 еднодозни кесички

Содржина

Состав:

Активни компоненти:

Парацетамол 500 мг

Витамин Ц 250 мг

Фенирамин малеат 25 мг

Останати состојки:

Природна арома од есенцијални масла од лимон, цимет и каранфилче, природни екстракти од рум, ванила и карамел.

Аспартам

Напомена: Оваа формулација содржи аспартам како засладувач и е погодна за примена кај дијабетичари и лица кои избегнуваат внес на шеќери.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Вообичаено дозирање: 1 кесичка 2-3 пати на ден. Интервалот помеѓу дозите треба да биде најмалку 4 часа. Кај пациенти со нарушена бубрежна функција интервалот меѓу две дози треба да е најмалку 8 часа.

Содржината на кесичката се раствора во чаша (200 мл) со топла или ладна вода. Препорачливо е да е водата топла, но да не преминува 60°C.

Времетраење на употреба: 3-5 дена. Ако олеснување на симптомите не се забележи по 5 дена употреба на препаратот, пациентот треба да се консултира со лекар.

Мерка на претпазливост: Употребата на лекот може да предизвика поспаност. При примена не треба да возите или да ракувате со машини.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се