FERVEX За деца без шеќер, 8 кесички

FERVEX За деца без шеќер, 8 кесички
216,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
044243C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Fervex® за деца е наменет за третман на настинка, воспаление на слузницата на носот (ринит), воспаление на слузницата на носот и грлото (ринофарингит) и состојби слични на грип (бистар исцедок од носот, кивање, солзење, главоболка и/или покачена температура) кај деца од 6 до 15 годишна возраст.

Пакување: 8 еднодозни кесички

Содржина

Состав:

Активни компоненти:

Парацетамол 280 мг

Витамин Ц 100 мг

Фенирамин малеат 10 мг

Останати состојки:

Арома на малина

Напомена: Оваа формулација не содржи шеќери и други засладувачи.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Дозирање кај деца од 6 до 10 години: по 1 кесичка два пати на ден (2 кесички за 24 часа). Дозирање кај деца од 10 до 12 години: по 1 кесичка три пати на ден (3 кесички за 24 часа).

Дозирање кај деца од 12 до 15 години: по 1 кесичка четири пати на ден (4 кесички за 24 часа).

Интервалот помеѓу дозите треба да биде најмалку 4 часа, кај пациенти со нарушена бубрежна функција интервалот меѓу две дози треба да е најмалку 8 часа.

Содржината на кесичката се раствора во чаша (200 мл) топла или ладна вода. Препорачливо е да е водата топла, но да не преминува 60°C.

Времетраење на употреба: 3 дена. Ако олеснување на симптомите не се забележи по 3 дена употреба на препаратот, пациентот треба да се консултира со лекар.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се