GALENIKA Бедоксин 20 мг, 20 таблети

GALENIKA Бедоксин 20 мг, 20 таблети
99,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
006381C
favorite_border

Опис на производот

Активна состојка на таблетите Бедоксин е пиридоксин хидрохлорид, кој е витамин Б6. Има значителна улога во метаболизмот, првенствено на аминокиселините, но и јаглехидратите и мастите, како и при создавањето на хемоглобинот.

Се користи кога постои недостаток на витаминот Б6 во организмот и за лекување на идиопатски сидеробластни анемии, состојба во која црвените крвни зрнца неправилно се формираат.

Пиридоксинот исто така може да се користи во лекувањето на оштетените нерви (периферен невритис) предизвикан од употребата на лекот изониазид кој се користи при лекување на туберколоза.

Пакување: 20 таблети

Содржина

Состав: една таблета содржи:

Пиридоксин хидрохлорид 20 мг

Помошна состојка: лактоза монохидрат

Употреба:

  • Недостаток на витаминот Б6 во организмот:

Возрасни и деца над 12 години: 20 до 50 мг дневно, до три пати дневно.

  • Идиопатска сидеробластна анемија:

Возрасни и деца над 12 години: 100 до 400 мг дневно, поделено во неколку дози.

  • Периферен невритис кој е предизвикан од употребата на лекот изониазид:

Возрасни и деца над 12 години: 50 мг, три пати дневно.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се