GALENIKA Бевиплекс Б (б-комплекс), 30 филм обложени таблети

Galenika Beviplex Complex bevipleks kompleks
GALENIKA Бевиплекс Б (б-комплекс), 30 филм обложени таблети
119,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
008406C
favorite_border

Опис на производот

Galenika Бевиплекс Б (б-комплекс) е граничен производ.

  • Со употребата на Beviplex® B/Bevipleks® Б филм-обложена таблета може да се задоволат дневните потреби на организмот за витамините од групата Б и да се надомести нивниот недостаток во исхраната
  • Содржат комбинација на витамини од групата Б, со фактори на високи биолошки вредности, кои во физиолошка смисла прават функционална целина. Нивната улога се состои во одржувањето на метаболичките, хемиските и физиолошките процеси потребни за нормално функционирање на организмот. Особено поволно делуваат на нервниот систем, а исто така допринесуваат за подобрување на снабденоста на кожата со крв, го спречуваат нејзиното сушење и создаваат услови за стимулирање на регенерацијата и нормалната работа на лојните жлезди

Beviplex® B/Bevipleks® Б филм-обложените таблети се наменети на:

  • Деца, за правилен раст и развој
  • Лица со зголемена потреба за витамини од групата Б (редукциони диети, диети богати со јаглени хидрати, рековалесценти, акутни и хронични заболувања)
  • Лица изложени на тешки физички и умствени напори (спортисти, рекреативци, ученици)
  • Лица со слаб апетит
  • Лица кои конзумираат алкохол
  • Лица кои имаат проблеми со кожата (акни, сува кожа)
  • Лица после долга употреба на антибиотици
  • Повозрасни лица

Производот не е наменет за деца под 12 години.

Пакување: 30 таблети.

Содржина

Состав

Состојки 1 филм обложена таблета %НРВ* 100 г производ
Витамин Б1 3.0 мг 273 1.6 г
Витамин Б2 3.4 мг 243 1.9 г
Витамин Б6 2.0 мг 143 1.1 г
Пантотенска киселина 5.0 мг 83 2.7 г
Витамин Б12 1.0 мкг 40 549.0 мкг
Ниацин 25.0 мг 156 13.7 г

*НРВ - нутритивна референтна вредност

Состојки: средства за зголемување на волуменот: микрокристална целулоза; средство против згрутчување: калциум хидрогенфосфат, никотинамид; стабилизатори: поливинилпиролидон;средство за зголемување на волумен : вкрстено врзана натриум карбоксиметилцелулоза; калциум-Д-пантотенат; тиамин мононитрат; рибофлавин; пиридоксин хидрохлорид; згуснувачи: хидроксипропилметил целулоза, хидроксипропил целулоза; талк (средство за глазирање); стабилизатор: магнезиум стеарат; цијанокобаламин; жолт, црвен и црн оксид; калциум карбонат (боја).

Дозирање: возрасни и деца над 12 години, една таблета на ден со чаша вода. 

Предупредување: Beviplex® B/Bevipleks® Б филм-обложени таблети не смеат да ги користат лица кои се алергични на витамини од Б-групата или било која состојка на производот како и лица на терапија со леводопа. Болни кои боледуваат од шеќерна болест или се на терапија со трициклични антидепресиви, алфа1-блокатори, таблетите можат да ги користат само после консултација со својот лекар. Ако сте бремени,планирате бременост или доите,пред да почнете да го земате граничниот производ,посоветувајте се со својот лекар или фармацевт. Препорачаната дневна доза не смее да се надмине. Граничните производи не може да се користат како замена за разновидна исхрана. Да се чува во оригиналното пакување, на суво и темно место, на температура до 25°C. Да се чува надвор од дофат на деца.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се