GALENIKA Димигал 50 мг, 10 таблети

Galenika Dimigal 50 mg 10 tablets
GALENIKA Димигал 50 мг, 10 таблети
139,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
007128C
favorite_border

Опис на производот

Galenika Dimigal

  • Dimigal®/ Димигал® е лек кој припаѓа на групата лекови кои се нарекуваат антихистаминици
  • Се користи кај возрасните и децата постари од 2 години за:
    • Превенција на мачнина, повраќање и/ или вртоглавица кај болестите на движење (кинетози)
    • лекување на мачнина и повраќање предизвикани од Meniere-ова болест и други пореметувања на рамнотежата

  • На дете помладо од 2 години не смеете да му давате Dimigal®/ Димигал® таблети

Пакување: 10 таблети.

Содржина

Состав: 1 таблета содржи: дименхидринат 50 мг.

Помошни состојки: лактоза, монохидрат; скроб, пченкарен; скроб, прежелатинизиран; боја тартразин (Tartrazine Lake) Е102; магнезиум стеарат.

Употреба:

  • Деца од 2-6 години: 12.5 - 25 мг (1/4-1/2 таблета) секои 6-8 часа по потреба, не повеќе од 1.5 (една и пол) таблета (75 мг) за 24 часа
  • Деца од 6-14 години: 25-50 мг (1/2-1 таблета) секој 6-8 часа по потреба, не повеќе од 3 таблети (150 мг) за 24 часа
  • Возрасни и деца над 14 години: 50-100 мг (1-2 таблети) секој 4-6 часа по потреба, не повеќе од 8 таблети (400 мг) за 24 часа

За спречување на мачнина, повраќање и/или вртоглавица кај кинетози (болест на движењето) Димигал треба да се земе 30 минути пред поаѓање на пат. Таблетата треба да се проголта со доволно течност, најдобро после оброк.

Додека го земате лекот немојте да пиете алкохол ниту да земате лекови кои содржат алкохол, затоа што може да предизвикаат зголемување на седативното дејство (поспаност). Може да дојде до намалување на способноста со управување на возило и ракување на машини.

Предупредување: известете го својот лекар или фармацевт ако земате други лекови, имате некоја хронична болест, некое пореметување на метаболизмот, преосетливи сте на лекови или сте имале алергиска реакција на некои од нив.

Немојте да го земате/ употребувате Dimigal®/ Димигал®: 

  • Доколку сте алергични (пречувствителни) на дименхидринат или на било кој од помошните супстанци во составот на лекот
  • Ако сте пречувствителни на други антихистаминати
  • Во случај на акутен напад на астма
  • Во случај на глауком (зголемен очен притисок)
  • Ако имате феохромоцитом (тумор на надбубрежната жлезда)
  • Во случај на порфирија (пореметување на метаболизмот)
  • Ако имате конвулзии (кај епилепсија и еклампсија)
  • Ако имате зголемена простата

Пред да започнете со употребата на овој лек известете го својот лекар за сите здравствени проблеми кои ги имате или сте ги имале, како и за алергиите.

Особено внимание е неопходно во следните ситуации:

  • Во случај на тешко заболување на црниот дроб или бубрезите
  • Кај хроничните проблеми со дишењето или астма
  • Кај повозрасните пациенти кои имаат проблеми со низок притисок, вртоглавица, поспаност, запек, зголемена простата
  • Паркинсонова болест (особено кај повозрасните)
  • Стеснување на пилорусот (дел од желудникот на преод во тенкото црево)
  • Блокада на пилорусот и почетниот дел на тенкото црево (дванаестпалачно црево)
  • Значително срцево пореметување (болести на срцето, пореметување на циркулацијата, пореметување на срцевиот ритам)
  • Последно тромесечие на бременоста (да се види делот за Бременост и доење)

Ако некоја од горенаведените ситуации се однесува на Вас, пред употребата на лекот Dimigal®/ Димигал® поразговарајте со својот лекар.

Бременост и доење:

Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек. Ако сте бремени или доите, мислите дека би можеле да бидете бремени или планирате да забремените,обратете се на својот лекар или фармацевт за совет пред да го земете овој лек.

Бременост:

Не се препорачува употребата на лекот после шестиот месец на бременост бидејќи може да предизвика предвремено породување. Не се препорачува употребата на лекот за време на бременоста доколку не е неопходно, што ќе процени Вашиот лекар.

Доење:

Лекот Dimigal®/ Димигал® се излачува со млекото така да е потребно да се процени важноста на употребата на лекот кај доилките. Примената на овој лек може да го намали создавањето на млеко кај доилките. Доколку се појават знаци на немир и раздразливост кај доенчето, Вашиот лекар ќе донесе одлука дали ќе прекинете со доењето или со употребата на лекот.

Dimigal®/ Димигал® може да предизвика поспаност, вртоглавица, замаглување на видот и пореметување на координацијата. Лекот не смее да го земаат лица кои управуваат со моторни возила или ракуваат со машини.

Во случај на интолеранција на поединечни шеќери, обратете се на Вашиот лекар пред употребата на овој лек, бидејќи содржи лактоза. Лекот Dimigal®/ Димигал® може да предизвика алергиски реакции,бидејќи содржи боја Tartrazine Lake (Е102).

Ве молиме да имате во вид дека овие укажувања можат да се однесуваат и на оние производи што сте ги земале во минатото или ќе ги земате во иднина. Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт ако земате, или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт.

Пред да започнете да земате Dimigal®/ Димигал® , потребно е да му кажете на Вашиот лекар ако земате некои од следните лекови:

  • Лекови со антихолиенергичко дејство (атропин, некои лекови против Паркинсовата болест, трициклични антидепресиви, МАО инхибитори)
  • Депресори на ЦНС системот (безодиазепини, барбитурати, опоидни аналгетици, хипнотици, седативни антипсихотици, баклофен, талидомид....) бидејќи истовремената употреба може да доведе до засилено дејство на тие лекови
  • Ототоксични лекови т.е. лекови кои го оштетуваат слухот (антибиотици од групата аминогликозиди)
  • Лекови кои влијаат на ЕКГ (нпр. некои антиаритмици, антибиотици, антималарици, антихистаминици) или лекови кои доведуваат до намалување на концентрацијата на калиум во крвта како нпр. некои диуретици (лекови за исфрлање на течности); потребно е да се избегнува истовремената употреба со лекот Dimigal®/ Димигал®
  • Антихипертензиви (лекови за намалување на покачениот крвен притисок) бидејќи може да дојде до засилен замор и претеран пад на притисокот
  • Адреналин, норадреналин и други лекови со слично делување

Употребата на Dimigal®/ Димигал® таблетите потребно е да се прекинат неколку дена пред тестирањето на алергени бидејќи може да доведе до лажни негативни резултати кај алергиските тестови. Кај долготрајната употреба, може да покаже лажни позитивни покачени вредности на теофилинот во серумот.

Строго придржувајте се кон упатствата на лекарот. Дозите не смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинувате без да се посоветувате со лекар. Секогаш земајте го лекот онака као што е напишано во ова упатство или како Ви кажал лекарот. Проверете со лекарот или фармацевтот ако не сте сигурни.

Ако сте земале/употребиле поголема доза од Dimigal®/ Димигал® отколку што треба, веднаш треба да се посоветувате со Вашиот лекар или фармацевт. Во случај на предозирње или случајно земање на преголема количина на лекот веднаш јавете се на својот лекар или во најблиската здравствена установа. Ако е можно земете ја со себе кутијата од лековите или ова упатство како лекарот би знаел кој лек сте го земале. 

Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза. Доколку сте заборавиле да го земете лекот, продолжете со земањето кога ќе се сетите и тогаш продолжете со употреба спрема вообичаениот распоред. Меѓутоа, доколку Ви останале неколку часа до наредната примена, немојте да ја земате пропуштената доза, туку почекајте ја следната примена. 

Ако имате било какви дополнителни прашања околу употребата на овој лек, обратете се на својот лекар или фармацевт.

Да се чува надвор од дофат и видокруг на деца. Да се чува во оригиналното пакување, заради заштита од светлина и влага.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се