GALENIKA Олигогал цинк + витамин Ц, 30 капсули

GALENIKA Олигогал цинк + витамин Ц, 30 капсули
208,00 ден.
146,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Акција
Шифра
049404C
favorite_border

Опис на производот

Цинкот и витаминот Ц се моќни антиоксиданси кои можат да ги заштитат клетките и ткивата од оштетување предизвикано од нападите на слободните радикали. Антиоксидантните својства на цинк и витамин Ц можат да придонесат за зајакнување на имунитетот, отпорност и подобра општа состојба на телото.

Цинк и витамин Ц допринесуваат за нормална функција на имуниот систем и заштита на клетките од оксидативен стрес.

Цинкот допринесува за нормален киселинско-базен метаболизам, за нормална синтеза на ДНК и има улога во процесот на делба на клетките. Допринесува и за нормална плодност и репродукција.

Пакување: 30 капсули.

Содржина

Состав: една капсула содржи:

  • Цинк 15 мг
  • Витамин Ц 60 мг

Употреба: 1 капсула дневно после оброк.

Олигогал Цинк + витамин Ц не треба да се земаат истовремено со диететски производи кои содржат калциум, железо и/или бакар. Овие производи и Олигогал Цинк + витамин Ц треба да се земаат во размак од најкратко 2 часа.

Цинкот може да го намали терапевтскиот ефект на тетрациклини (доксициклин) и хинолони (на пример ципрофлоксацин). За да се избегне интеракција на лекови и цинк, капсулите Олигогал Цинк + витамин Ц треба да се земаат најмалку 2 часа пред или после земањето на наведените лекови.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се