GALENIKA Пантенол 5% крема, 30 г

GALENIKA Пантенол 5% крема, 30 г
162,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048964C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Декспантенол кој е активна состојка на кремата Пантенол, во организмот се трансформира во пантотенска киселина. Активниот облик на пантотенска киселина во ткивата е коензимот А.

Коензимот А е неопходен за метаболизмот на јаглехидратите, мастите и белковините и детоксикација на некои продукти на метаболизмот. На ниво на здрава кожа, овие процеси резултираат со зачувување на правилна функција, а кај оштетена или заболена кожа со стимулација на регенеративните процеси.

Пантенол кремата е изработена од масни материи од природно потекло, на кожата и ги обезбедува неопходните хранливи материи, и дава мазност и сјај и ја зголемува еластичноста.

Се применува за подобрување на епитeлизација и нега на кожата кај:

  • Мали изгореници предизивикани од различни физички и хемиски агенси
  • Ублажување на тегобите настанати како последица на прекумерно сончање, триење или притисок на кожата
  • Иритација и јадеж, особено кај превоите на кожата
  • Суви, испукани усни и брадавици на дојки
  • Екцематозни промени во пазувите помеѓу третман со лековити масти
  • Оштетување на кожата поради нарушување на периферна циркулација на крвта
  • Може да се употребува и како козметички препарат кај постара, сува и  уморна кожа

Пакување: 30 г

Содржина

Состав: декспантенол 0.05 г

Употреба: се нанесува на оштетена кожа 2-3 пати дневно во тенок слој и благо се втрива.

На доилките им се препорачува мачкање на брадавиците после секој подој.

Како козметички препарат се нанесува на претходно исчистена кожа, секоја вечер.

Само за надворешна употреба.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се