GENGIGEL Први запчиња беби гел 20 мл

GENGIGEL Први запчиња беби гел 20 мл
606,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
009937C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Gengigel Први запчиња ја ублажува болката и отокот кај Вашите малечки и го забрзува зараснувањето на непцата при никнување на забите.

Gengigel Први запчиња е иновативен гел со нов патентиран полимерен матрикс за слузницата на устата. Невидливиот, еластичен и отпорен филм создава ефикасна заштитна преграда и има долготрајно дејство.

Клиничките испитувања покажуваат дека новата формула Gengigel Први запчиња побрзо и поефикасно ги ублажува симптомите при никнување на забите за разлика од геловите со локален анестетик.

Gengigel Први запчиња е ефикасен и кај:

  • повредени непца како последица на паѓање на млечните заби

  • ранички и улкуси (афти) во устата

  • воспаление и крварење на непцата од различни причинители

Поради содржината на хијалуронската киселина, која е природен составен дел на нашите непца, Gengigel први запчиња е потполно безбеден за употреба. Ако мала количина од гелот се проголта, таа нема да се апсорбира во организмот, ќе се исфрли од телото на ист начин како и храната.

Пакување: 20 мл

Содржина

Состав

Главна состојка: Sodium Hyaluronate 0,54%

Други состојки: Aqua, PEG 400, Xylitol, Polyvinyl Alcohol, Cellulose Gum, PEG 40 Hydrogenated Castor Oil, PVP, PVM/MA copolymer, VP/Eicosene Copolymer, Glyceryl Laurate, Polycarbophil, Sodium Saccarinate, Monobasic sodium phosphate, Choline alfoscerate, Trisodium phosphate dodecahydrate, Sodium Lactate, Disodium EDTA, Lactic Acid, Sodium Hydroxide.

Употреба: Слој од гелот рамномерно втријте го на непцата, 3 до 6 пати на ден, односно по потреба. Гелот се лепи на непцата и забите и делува долготрајно.

За продолжено чувство на ублажување на болката се препорачува нанесување на гелот после оброк или пред спиење.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се