GEOPROM Dr. Leo Baby Витамин Д3 400 ИЕ + ДХА, 30 twist of капсули

GEOPROM Dr. Leo Baby Витамин Д3 400 ИЕ + ДХА, 30 twist of капсули
385,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048722C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

DrLEO® BABY D3 + DHA Omega 100 мг е храна за посебна медицинска намена препорачана од европските педијатри за новороденчињата, доенчињата и малите деца.

DrLEO® BABY D3 + DHA Omega 100 мг е наменет за диететско регулирање на рахитис и нарушена функција на видот-ретинопатија.

DrLEO® BABY D3 + DHA Omega 100 мг содржи “twist-off” меки капсули кои се отвораат со вртење, за најкомфорна примена со лесно и прецизно дозирање.

Витаминот Д е потребен за нормален раст и развој на коските и забите кај децата како и за нормално функционирање на имунолошкиот систем.

DHA-Докозахексаеноичната киселина е есенцијална полинезаситена масна киселина која не се создава во човековото тело и е потребно надополнување на дневниот внес со DrLEO® BABY D3 + DHA Omega 100 мг.

DHA е главна и исклучително важна структурна маст во мозокот, ретината на окото и нервните клетки:

  • 60% од структурата на мозокот го чинат масти, а 25% од тие масти е DHA.
  • 30% од структурните масти во сивата маса на мозокот е DHA.
  • Во целокупната структура на мозокот оваа масна киселина достига до 97% од омега-3 мастите во мозокот и до 93% од омега-3 мастите во ретината на окото.
  • DHA придонесува за одржување на нормална функција на мозокот
  • DHA придонесува за одржување на здрав вид.

Една од најголемите промени во текот на бременоста но и по раѓањето е растот и развојот на мозокот и акумулацијата на DHA во нервното ткиво за време на последниот триместар од бременоста и првите две години од животот кај детето. За време на последниот триместар од бременоста, мозокот на бебето расте околу 260% и дополнително уште 175% за време на првата година од животот. Овој раст продолжува со дополнителни 18% за време на втората година.

Докозахексаеноичната киселина (DHA) која се наоѓа во DrLEO® BABY D3 + DHA Omega 100 мг “twist-off” капсулите е од природно растително потекло, добиено од морските алги. DHA маслото од морски алги е произведено во строго контролирани лабораториски услови, прочистено во неколку фази за минимизирање на сите нечистотии и е со пријатен вкус кој ќе биде прифатлив за вашето дете.

DrLEO® BABY D3 + DHA Omega 100 мг е произведен според највисоките стандарди за квалитет.
DrLEO® BABY D3 + DHA Omega 100 мг е вашата безбедна и препорачана форма на DHA од масло од алги.

Пакување: 30 Twist - off капсули

Содржина

Состав:

Витамин Д3 10 мкг (400 ИЕ)
Докозахексаеноична киселина (Масло од алги) - ДХА 100 мг

 

Употреба: 1 “twist-off” капсула дневно, од 8-от ден од раѓање до крајот на 3-та година од раѓање.
Доколку новороденчето редовно користи DrLEO® BABY D3+K1 до крајот на третиот месец после раѓање, тогаш се препорачува започнување со DrLEO® BABY D3+DHA Omega од почетокот на четвртиот месец од раѓање.
Доколку е потребно, лекарот може да ја прилагоди дневната доза на витамин Д3 и DHA и да препорача поголема дневна доза.

Свртете и отстранете го горниот дел од капсулата, потоа притиснете ја капсулата и содржината во капсулата истиснете ја директно во устата на бебето, на лажичка, во кашичка или помешана во млеко.
 

Важно! Внимавајте да не падне капсулата во устата на бебето. Истиснете ја само содржината на капсулата. Празната капсула потоа треба да се фрли.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се