GEROVITAL Farmec Ленти за депилација на лице (орхидеја), 20 ленти

GEROVITAL Farmec Ленти за депилација на лице (орхидеја), 20 ленти
169,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
045702C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Ленти со восок за отстранување на влакна од лицето со екстракт од орхидеја

  • Дерматолошки тестирано
  • Препорачано за употреба на лице, препони и мали корекции
  • Ефикасни за кратки влакна

Farmec лентите со восок, со екстракт од орхидеја, ефикасно ги отстрануваат несаканите влакна и ја оставаат вашата кожа мазна и мека.

Пакување: 20 ленти

Содржина

Состав: Восок: триетилен гликол розинат, хидрогенизиран полидициклопентадиен, микрокристален восок, екстракт од цветови на орхидеја, масло од сончогледово семе, парафинум ликвидум, ПЕГ-8 диолеат, полиетилен, CI 77891, CI 77007, CI 45410, парфем. Ќесичка со книжно марамче: парафинум ликвидум, екстракт од алое вера, глицин соја масло, парфем. По отворањето да се користи во рок од 18 месеци.

Употреба: Нанесување на лентите: Кожата мора да биде чиста и сува, без иритации и траги од козметички производи. Загрејте ги лентите меѓу дланките додека восокот не омекне. Ако сакате да ги нанесете лентите на мали површини, исечете ги според саканата големина. Полека и внимателно одвојте ги лентите. Нанесете ја лентата во насока на раст на влакната, и со нежно масирање распределете го восокот по целата површина.

Отстранување на лентите:  Додека ја растегнувате кожата со едната рака, користете ја другата рака за веднаш да ја отстраните лентата со остар потег во спротивна насока од растот на влакната; колку е побрзо отстранувањето, толку се подобри резултатите. Повторете, доколку е потребно. Лентите може да се користат до 4 пати. Кога го користите овој производ на чувствителни области како што се пазувите, препоните или лицето, не ставајте од восокот на истата површина два пати, за да се избегне иритација на кожата.

Чистење на остатокот од восокот: За совршен резултат и подобра заштита на кожата, нанесете книжно марамче за да го отстраните преостанатиот восок, и да ја омекнете кожата. Никогаш не го отстранувајте преостанатиот восок со вода, сапун или алкохол.

Мерки на претпазливост: Ако се применува прв пат или на нова површина на телото, тестирајте го производот на мал дел од кожата. Ако не постојат несакани реакции во рок од 24 часа, продолжете со употреба. Отстранувањето на влакна со восок не е наменето за постари лица, лица кои страдаат од дијабетес или лица кои се под третман за акни. Не се нанесува на главата, очите, носот, веѓите, ушите, брадавиците или околу нив, гениталиите или перианалната површина.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се