HEMOFARM Хепатромбин 500 ИЕ крем, 40 г

HEMOFARM Хепатромбин 500 ИЕ крем, 40 г
164,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
000272C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Хепатромбин крем, 500 И.Е. делува така што влијае на процесот на коагулација на крвта. 

Се користи за
Лекување на воспаленија на површинските вени (површински тромбофлебитис) и олеснување на тегобите (болка и оток) кај промени на кожата како што се модрици и хематоми (крвни подливи). 
Лекот е наменет само за надворешна употреба.

Пакување: 40 г

Содржина

Состав: во 1 грам активна супстанца:

Хепарин натриум  500 ИЕ 

Помошни супстанции: алантоин, декспантенол, динатриум-едетат, бронопол, хостафат KW-340-N, лунацера М, карбомер 934,  левоментол, парафин течен, лесен, тегин 515, пурцелинол, парафин бел, мек, триетаноламин, вода-прочистена.  

Начин на употреба:
Секогаш употребувајте го овој лек точно онака како што е наведено во ова упатство или како што ви препорачал вашиот лекар или фармацевт. 
Лекот се употребува локално, со нанесување на кожата.
Дозирање: кремот се нанесува во тенок слој на заболеното место, 2 до 3 пати на ден.

Хепатромбин 500 ИЕ крем, не смеете да го употребувате
Ако сте алергични (преосетливи)  на хепарин или било која од помошните состојки на овој лек 
Ако имате актуелна или во анамнезата присутна тромбоцитопенија (тип II) од имунолошко потекло, предизвикана од хепарин.
Лекот не се користи кај деца помали од 5 години.

Бременост, доење и плодност
Доколку сте бремени или ако доите, мислите дека можеби сте бремени или планирате да забремените, обратете се на вашиот лекар или фармацевт за совет пред да го земете овој лек.
Нема податоци кои би укажувале дека Хепатромбин крем не смее да се употребува во текот на бременоста и периодот на доење. 

Да се чува на температура до 25° C.

По првото отварање, лекот се чува во затворена туба и може да се употребува до истекувањето на рокот на употреба.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се