HOLLE 1 Органска почетна формула за доенчиња од кравјо млеко, 400 г

Holle Organic 1 Infant Formula with biodynamic milk organsko mleko za doencinja
HOLLE 1 Органска почетна формула за доенчиња од кравјо млеко, 400 г
543,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048183C
favorite_border

Опис на производот

Органска почетна формула за доенчиња oд раѓање

  • Сертифициран органски производ
  • Demeter-квалитет
  • Со ДХА
  • Погодно за дополнување на исхраната со мајчиното млеко
  • Со биодинамички произведено млеко

Важна напомена:

Мајчиното млеко претставува најдобра прехрана за Вашето бебе. Соодветно за употреба од денот на раѓање (доколку не доите) или за надополнување на доењето

Лесно прифатено од доенчињата при промена од друга почетна формула

После 6 месеци препорачуваме употреба на Holle 2 Органска Последователна формула за доенчиња во комбинација со Holle органски кашички

Повеќе од 85 години, Holle одржува органски квалитет. Секогаш органско – поради вистински причини. Како прв производител на бебешка храна со Demeter квалитет Holle користи суровини од органско или биодинамичко земјоделство, без експлоатација на животните, почвата или животната средина преку фер партнерство со земјоделците.

Holle приоритети се здрава и балансирана исхрана со употреба на едноставни и природни рецепти со сезонска разновидност. Сите состојки се предмет на строги контроли за да осигураат што поголема безбедност. Holle производите се посветени на благосостојбата на Вашето бебе.

За HOLLE 1 Органската  формула се користи Demeter - сертифицирано млеко. Demeter фармите работат според биодинамички принципи, во склад со природата. На овој начин се гарантира висок квалитет на млечната формула

Пакување: 400 г.

Содржина

Состојки: обезмастено млеко**1, сурутка во прав* (делумно деминерализирана), растителни масла* (палмино масло*3, сончогледово масло*, масло од семе од репка*), лактоза*, калциум карбонат, калиум хлорид, масло од микроалга Schizochytrium sp.2, масло од Mortierella Alpina, холин битартарат, калциумови соли на ортофосфорна киселина, витамин Ц, Л тирозин, натриум хлорид, Л триптофан, железен сулфат, цинк сулфат, витамин Е, магнезиум карбонат, ниацин, бакар сулфат, пантотенска киселина, витамин А, витамин Б1, витамин Б6, манган сулфат, калиум јодит, фолна киселина, натриум селенит, витамин К, витамин Д, биотин, витамин Б12.

*состојки од органско производство

**Demeter (од биодинамичко производство)

1 100 г прашок се направени од 175 мл обезмастено млеко

2 содржи ДХА (согласно регулаторните барања за сите почетни формули за доенчиња)

3 од одржливо земјоделство

Нутритивни информации (на 100 мл готов производ): eнергетска вредност 286 кJ/ 68 kcal, масти 3.4 г (заситени 1.0 г,  мононезаситени 1.8 г, полинезаситени киселини 0.6 г), линолна киселина 546 мг, алфа линоленска киселина 54 мг, ДХА 15 мг, АРА 15 мг, јаглени хидрати 8.0 г (шеќери 8.0 г, лактоза 8.0 г), белковини 1.4 г, витамин А 54.8 мкг, витамин Д 1.5 мкг, витамин Е 0.90 мг, витамин К 5.4 мкг, витамин Ц 6.1 мг, витамин Б1 0.035 мг, витамин Б2 0.18 мг, ниацин 0.35 мг, витамин Б6 0.030 мг, фолна 10.1 мкг, фолати 16.9  мкг ДФЕ, витамин Б12 0.14 мкг, биотин 1.6 мкг, пантотенска киселина 0.35 мг, калиум 82.2 мг, хлориди 50.9 мг, калциум 59.9 мг, фосфор 35.9 мг, магнезиум 5.40 мг, железо 0.54 мг, цинк 0.45 мг, бакар 0.055 мг, манган 0.0053 мг, флуориди  <0.010 мг, селен 3.9 мкг, јод 14.2 мкг, натриум 24 мг, холин 22 мг, иноситол 4.6 мг, Л карнитин 2.2 мг.

Подготовка: Секогаш подготвувајте ја формулата со чисти и суви раце. Шишињата, цуцлите, прстените, капачињата, чашите, ножот и лажичката треба да бидат добро измиени. После миење, стерилизирајте ги со вриење 3-5 минути, пред употреба. До самата употреба чувајте ги шишињата и капачињата покриени.

Зовријте ја потребната количина на вода и потоа изладете ја на температура од 50˚C. Налејте во шишенцето околу половина од потребната вода. Посебно подготвувајте го секое шишенце. 

Наполнете ја мерната лажичка и порамнете со помош на нож. Секогаш користете ја мерната лажичка која се наоѓа во кутијата. Додадете ја потребната количина прашок на водата. 

Добро протресете. Додадете го остатокот на вода и повторно протресете. Оставете да се излади на температура од околу 37˚C пред употреба. 

  • Ве молиме точно да ги следите инструкциите за подготовка. Со дозирање на точни количини ќе му овозможите на Вашето бебе секогаш да ги добие хранливите состојки кои му се потребни
  • Секогаш користете ја приложената мерна лажичка
  • Немојте да ги менувате препораките за дозирање, освен ако така не ве советувал Вашиот лекар. Несоодветната подготовка и чување може да бидат штетни за здравјето
  • Секогаш подготвувајте свеж оброк. Не го користете остатокот од храна за следниот оброк
  • Поради опасност од прегревање храната не смее да се загрева во микро печка
  • Шишето, цуцлата и прстенот треба да бидат добро измиени.

Вообичаена подготовка: 
13.5 г прашок + 90 мл зовриена вода = 100 мл готов млечен оброк.  
Пакувањето содржи приближно 30 оброка од по 100 мл.

Важна напомена:

Мајчиното млеко претставува наjприродна и најдобра прехрана за Вашето бебе. Преку доење Вашето бебе ги добива сите потребни корисни состојки и витамини.

Затоа Holle го препорачува доењето. Покрај тоа контактот помеѓу мајката и детето за време на доењето создава чувство на хармонија и удобност. Производот може да се користи само по препорака на стручни лица од областа на медицината, фармацијата или исхраната.

За да се заштитат забите од можна појава на кариес, не му го давајте шишето на бебето за смирување. Внимавајте на хигиената на устата на Вашето бебе посебно по појавата на првите запчиња. 

После отварање на пакувањето содржината може да се употребува до 3 недели. Пакувано во заштитена атмосфера. Да се чува на ладно и суво место.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се