HOLLE 2 Органска Последователна формула за доенчиња од козјо млеко 400 г

HOLLE 2 Органска Последователна формула за доенчиња од козјо млеко 400 г
929,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048711C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

  • По 6 месеци
  • Сертифициран органски производ
  • Со ДХА
  • Нова формула, без палмино масло, со полномасно органско козјо млеко

Важна напомена: Мајчиното млеко претставува најдобра прехрана за Вашето бебе. Соодветно за посебна нутритивна употреба од страна на доенчињата после 6 месец до навршена 3 годишна возраст како дел од мешовита исхрана. Може да се употребува после период на доење, по употреба на Holle 1. Органска почетната формула за доенчиња од козјо млеко или наместо било која друга последователна формула.

Органската последователна формула за доенчиња од козјо млеко може да се користи и за подготовка на Holle органските кашички.

Повеќе од 85 години, Holle одржува органски квалитет. Секогаш органско - поради вистински причини. Како прв производител на бебешка храна со Demeter квалитет Holle користи суровини од органско или биодинамичко земјоделство, без експлоатација на животните, почвата или животната средина преку фер партнерство со земјоделците.

Holle приоритети се здрава и балансирана исхрана со употреба на едноставни и природни рецепти со сезонска разновидност. Сите состојки се предмет на строги контроли за да осигураат што поголема безбедност. Holle производите се посветени на благосостојбата на Вашето бебе.

Пакување: 400 г

Содржина

Состојки: полномасно козјо млеко во прав* 38.5%, малтодекстрин*, растителни масла* (сончогледово масло*, масло од семе од 2 репка*), лактоза*, скроб*, калциум карбонат, калциум хидроксид, калциум цитрат, масло од алги, Л-цистин, железен сулфат, магнезиум хлорид, витамин Ц, Л-триптофан, Л-тирозин, натриум цитрат, натриум хлорид, железен лактат, витамин Е, цинк сулфат, ниацин, пантотенска киселина, бакар сулфат, витамин А, витамин Б, фолна киселина, манган сулфат, калиум јодид, витамин К, натриум селенит, витамин Д, биотин, витамин Б12.

*состојки од органско производство

Подготовка: Секогаш подготвувајте ја формулата со чисти и суви раце. Шишињата, цуцлите, прстените, капачињата, чашите, ножот и лажичката треба да бидат добро измиени. После миење, стерилизирајте ги со вриење 3-5 минути. До самата употреба чувајте ги шишињата и капачињата покриени. Зовријте ја потребната количина на вода и потоа изладете ја на температура од 50˚C. Налејте во шишенцето околу половина од потребната вода. Водата треба да биде предходно зовриена и изладена.

Посебно подготвувајте го секое шишенце. Наполнете ја мерната лажичка и порамнете со помош на нож. Секогаш користете ја мерната лажичка која се наоѓа во кутијата. Додадете ја потребната количина прашок на водата. Добро протресете. Додадете го остатокот на вода и повторно протресете. Оставете да се излади на температура од околу 37˚C пред употреба.

Секогаш користете ја приложената мерна лажичка. Немојте да ги менувате препораките за дозирање, освен ако така не ве советувал Вашиот лекар. Несоодветната подготовка и чување може да бидат штетни за здравјето.

Секогаш подготвувајте свеж оброк. Не го користете остатокот од храна за следниот оброк. Поради опасност од прегревање храната не смее да се загрева во микро печка.

Важна напомена: Мајчиното млеко претставува најприродна, најдобра прехрана за Вашето бебе. Преку доење Вашето бебе ги добива сите потребни корисни состојки и витамини. Производот може да се користи само по препорака на стручни лица од областа на медицината, фармацијата или исхраната.

Изјава во однос на алергии: производот содржи млеко.

Да се чува заштитено од топлина. После отварање чувајте го пакувањето на суво место (не во фрижидер) и употребувајте го во тек на до 2 недели. Пакувано во заштитена атмосфера.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се