HOLLE 2 Органска последователна формула за доенчиња од кравјо млеко, 600 г

HOLLE 2 Органска последователна формула за доенчиња од кравјо млеко, 600 г
768,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048184C
favorite_border

Опис на производот

  • По 6 месеци
  • Сертифициран органски производ
  • Со Demeter квалитет
  • Со ДХА
  • Со витамини А, Ц и Д кои придонесуваат за нормално функционирање на имунолошкоиот систем
  • Со АЛА (омега-3 масна киселина) која придонесува за развој на мозокот и нервите

Може да се употребува после периодот на доење, по употреба на Holle 1 Почетната формула за доенчиња или наместо било која друга последователна формула.
Holle 2 Органската последователна формула за доенчиња може да се користи и за подготовка на Holle органските кашички.
После 12 месец препорачуваме употреба на Holle 3 Органска последователна формула за доенчиња во комбинација со Holle органски кашички.

Повеќе од 85 години, Holle одржува органски квалитет.
Секогаш органско - поради вистински причини.
Како прв производител на бебешка храна со Demeter квалитет Holle користи суровини од органско или биодинамичко земјоделство, без експлоатација на животните, почвата или животната средина преку фер партнерство со земјоделците.
Holle приоритети се здрава и балансирана исхрана со употреба на едноставни и природни рецепти со сезонска разновидност. Сите состојки се предмет на строги контроли за да осигураат што поголема безбедност Holle производите се посветени на благосостојбата на Вашето бебе.
За Holle 2 Органската последователна формула за доенчиња се користи Demeter - сертифицирано млеко.

Demeter фармите работат според биодинамички принципи, во склад со природата. На овој начин се гарантира висок квалитет на млечната формула.

Пакување: 600 г

Содржина

Состојки: обезмастено млеко** (Германија), растителни масла* (палмино масло*, масло од семе од репка*, сончогледово масло*), сурутка во прав* (делумно деминерализирана), малтодекстрин*, обезмастено млеко во прав**, скроб*, калциум карбонат, натриум цитрат, калиум хлорид, витамин Ц, калциум фосфат, железо лактат, витамин Е, натриум хлорид, цинк сулфат, ниацин, калциум Д-пантотенат, бакар сулфат, витамин А, витамин Б, манган сулфат, калиум јодат, фолна киселина, 16 витамин К, натриум селенат, витамин Д.

*состојки од органско производство

**состојки од биодинамичко производство

Подготовка: Пред употреба, стерилизирајте ги шишето, цуцлата и прстенот со вриење 3-5 минути. Зовријте ја потребната количина на вода и потоа изладете ја на температура од 50˚C.

Налејте во шишенцето околу половина од потребната вода. Наполнете ја мерната лажичка и порамнете со помош на нож. Додадете ја потребната количина прашок на водата. Добро протресете. Додадете го остатокот на вода и повторно протресете.

Несоодветната подготовка може да биде штетна за здравјето. Секогаш подготвувајте свеж оброк за Вашето бебе. Не го користете остатокот од храна за следниот оброк. Поради опасност од прегревање храната не смее да се загрева во микро печка.

Важна напомена: Преку доење Вашето бебе ги добива сите потребни корисни состојки и витамини.

Holle2 Последователна формула за доенчиња е соодветна за посебна нутритивна употреба од страна на доенчињата после 6 месец како дел од мешовитата исхрана и не смее да се користи во првите 6 месеци од животот како замена за мајчино млеко.

После отварање на пакувањето содржината може да се употребува до 2 недели. Пакувано во заштитена атмосфера.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се