HOLLE A2 Органска последователна формула 2 (6+ месеци), 400 г

HOLLE A2 Органска последователна формула 2 (6+ месеци), 400 г
701,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
053688C
favorite_border

Опис на производот

  • Органска последователна формула за доенчиња по 6 месеци 
  • Сертифициран органски производ
  • Со ДХА*
  • Со АЛА (омега-3 масна киселина) која придонесува за развој на мозокот и нервите
  • Со А2 млеко

*согласно регулаторните барања за сите последователни формули.

Holle A2 Organic Infant Follow-on Formula 2 содржи специфична мешавина на протеин од сурутка и казеин. А2 млекото содржи А2 β-казеин протеин и се добива од специјални видови на крави.

Повеќе од 85 години, Holle одржува органски квалитет. Секогаш органско – поради вистински причини. Сите состојки се предмет на строги контроли за да осигураат што поголема безбедност. Holle производите се посветени на благосостојбата на Вашето бебе.

Пакување: 400 г

Содржина

Состојки: обезмастено А2 млеко*1, сурутка во прав* (делумно деминерализирана), растителни масла* (палмино масло*3, масло од семе од репка*, сончогледово масло*), малтодекстрин*, скроб*, Л-тирозин, калиум хлорид, рибино масло2, калциум хлорид, магнезиум хлорид, масло од Mortierella Alpina, калциум карбонат, калциум хидроксид, Л-триптофан, натриум хлорид, железен лактат, Витамин Ц, цинк сулфат, бакар сулфат, витамин Е, ниацин, пантонтенска киселина, витамин Б1, витамин А, витамин Б6, манган сулфат, калиум јодат, фолна киселина, натриум селенат, витамин К, витамин Д, биотин, витамин Б12.

  • *состојки од органско производство
  • 1. 100 г прашок се направени од 202 мл обезмастено млеко
  • 2.  Содржи ДХА (согласно регулаторните барања за сите последователни формули за доенчиња). ДХА придонесува за нормален развој на видот кај доенчињата. Корисен ефект се постигнува со внес на 100 mg ДХА на ден.
  • 3. Од одржливо земјоделство

Употреба:

  • Соодветно за посебна нутритивна употреба од страна на доенчињата после 6 месеци до навршена 3 годишна возраст како дел од мешовита исхрана

  • Holle A2 Organic Infant Follow-on Formula 2 може да се користи и за подготовка на Holle органските кашички.

Подготовка:

Пред употреба, стерилизирајте го шишето, цуцлата и прстенот со вриење во вода во тек на 3-5 минути. Зовријте ја потребната количина на вода и оставете ја да се излади на температура од околу 50˚C. Налејте во шишенцето околу половина од потребната вода. Наполнете ја мерната лажичка, порамнете со помош на нож и додадете ја потребната количина прашок на водата. Добро протресете. Додадете го остатокот на вода и повторно протресете. Оставете да се излади на температура од околу 37˚C пред употреба.

Вообичаена подготовка:

13.2 г прашок + 90 мл зовриена вода = 100 мл готов оброк.

Едно пакување содржи околу 30 оброци од по 100 мл.

Важна напомена:

  • Мајчиното млеко претставува најприродна и најдобра прехрана за Вашето бебе. Преку доење Вашето бебе ги добива сите потребни корисни состојки и витамини. Производот може да се користи само по препорака на стручни лица од областа на медицината, фармацијата или исхраната.

  • За да се заштитат забите од можна појава на кариес, не му го давајте шишето на бебето за смирување. Внимавајте на хигиената на устата на Вашето бебе посебно по појавата на првите запчиња.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се