HOLLE Органска интегрална каша од ориз (6+ месеци) 250 г

HOLLE Органска интегрална каша од ориз (6+ месеци) 250 г
182,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
035631C
favorite_border

Опис на производот

Органска интегрална каша од ориз

  • После 4 - 6 месеци
  • Органски сертифициран производ
  • Не содржи глутен
  • Лесна подготовка
  • Повеќекратна употреба (како млечна каша со додавање млеко, како обична каша без млеко или како овошна каша)
  • Без додадени шеќери
  • Содржи природни шеќери

Само внимателно селектирани зрна се користат во органските каши на Holle. Органските каши за бебиња од Holle нудат повеќе можности за подготовка што ќе му овозможи на вашето бебе разновидна исхрана.

Нето-тежина: 250 г

Содржина

Состојки: интегрално оризово брашно*, тиамин*од биодинамичко производство.

Подготовка со користење формула: подгответе 170 мл од избраната формула за доенчиња (според упатството за употреба). Ставете ја подготвената формула во сад и додадете 18 г од органската интегрална каша од ориз (околу 3-4 лажици). Оставете смесата да отстои и изладете на телесна температура (на околу 37°С).

Полумлечна каша: зовријте 100 мл полномасно млеко и 100 мл вода и потоа изладете на температура од околу 50°С. Ставете ја течноста во сад и додадете 25 г од органската интегрална каша од ориз (околу 5 лажици). Оставете смесата да отстои и изладете на телесна температура (на околу 37°С).

Подготовка со мајчино млеко: измешајте 25 г од органската интегрална каша од ориз (околу 5 лажици) во 130 мл топло мајчино млеко. За да се зачуваат вредните хранливи состојки не го загревајте мајчиното млеко над 40°С.

Каша без млеко: зовријте 200 мл вода и и потоа изладете на температура од околу 50°С. Додадете 25 г од органската интегрална каша од ориз (околу 5 лажици) и 1 лажица масло за јадење се додека не се добие посакуваната густина.

Каша без млеко со овошје или зеленчук: измешајте 20 г органска интегрална каша од 3 ориз (околу 4 лажици) со 100 г овошна кашичка во тегла или 100 г овошно пире и додадете 1 лажица масло за јадење. Додадете вода (околу 90 мл, зовриена, 50°С). Може да користите и 160 г зеленчукова кашичка во тегла и да додадете 2 лажици од маслото.

Напомена: Ве молиме во тек на подготовката на храната да се придржувате на упатството.  За секој оброк подготвувајте свежа храна. Не го оставајте остатокот од храна за следниот оброк.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се