HOLLE Органска млечна каша со спелта пченица (6+ месеци) 250 г
Опис на производот
Holle Organic Wholegrain Cereal Spelt Органска млечна каша од спелта пченица.
- За бебиња почнувајќи од 6 месеци
- Органски сертифициран производ
- Преработена храна на житна основа
- Без додадени шеќери. Содржи природни шеќери
Нето-тежина: 250 г
Содржина
Состојки: интегрално брашно од спелта пченица ** 37%, обезмастено млеко во прав* 20%, малтодекстрин*, растителни масла* (палмино масло*, сончогледово масло*, масло од репка*), сурутка во прав* делумно деминерализирана 6%, слатка сурутка во прав* 6%, калциум карбонат, тиамин (витамин Б1) витамин А, витамин Д.
*од органско производство
**Demetar од биодинамичко производство
Нутритивени информации на 100 г производ: eнергетска вредност 1578 kJ/373 kcal, масти 2.8 г од кои - заситени 0.6 г, јаглехидрати 69 г од кои шеќери1 1.2 г, влакна 9.2 г, протеини 13 г, сол <0,01 г, тиамин 1.2 мг.
Нутритивени информации на порција2: eнергетска вредност 569 kJ/135 kcal, масти 4.4 г од кои - заситени 1.2 г, јаглехидрати 20 г од кои шеќери1 9.5 г, влакна 1.4 г, протеини 3.6 г, сол 0.07 г, тиамин 0.22 мг.
1содржи природно присутни шеќери
2 пакувањето содржи околу 16 порции подготвени со последователна формула 2
Подготовка:
1. Зовријте 100 мл вода и потоа изладете на температура од околу 50°С.
2. Додадете 5 лажици (30 г) од млечната каша.
3. Добро промешајте, оставете смесата да отстои и да се излади на телесна температура (37°С) и сервирајте.
Важна напомена: Ве молиме во тек на подготовката на храната да се придржувате на упатството. За секој оброк подготвувајте свежа храна. Пред сервирање проверете ја температурата на кашата, треба да биде околу 37°С. Не го оставајте остатокот од храна за следниот оброк. Не ја загревајте храната во микро печка (ризик од изгореници).
Придржувајте се кон балансирана исхрана и здрав начин на живот. Внимателно хранете го вашето бебе. Внимавајте на хигиената на забите на вашето бебе, уште од појавата на првото запче.
Да се чува на суво и ладно место. Кога ќе се отвори да се употреби во рок од 3 недели.