INALME Литорен, 30 кесички

INALME Литорен, 30 кесички
859,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Шифра
049315C
favorite_border

Опис на производот

Lithoren е производ во форма на прашок, со пријатен вкус на портокал и алкални цитрати.

Литорен помага во одржување на оптимална вредност на pH (6.2-6.8 ), вредност која делува превентивно, со тоа што спречува создавање на нови камења во бубрег.

  • Ја подобрува ефикасноста на литотрипсијата (кршење/разбивање на камен во бубрег)
  • Ја зголемува растворливоста на бубрежните камења (оксалат или калциум фосфат, камења на урична киселина)
  • Го спречува повторното појавување на уролитијаза (камен во бубрег).
  • Литорен е безбеден за употреба и кај лицата со дијабет. Содржи сукралоза како засладувач што е безбедна за употреба кај овие пациенти .

Пакување: 30 кесички

Содржина

Состав: калиум цитрат, магнезиум цитрат, пиридоксин кои докажано делуваат во регулирање на pH на мокрачата и нејзино нормализирање, превенција од појава на камен во бубрег (уролитијаза).

Употреба: секоја кесичка Lithoren® се раствора во 150 мл вода (една мала чаша). Добиениот раствор е бистар, има боја и вкус на портокал. Додавањето на различна количина вода влијае на вкусот, но не и на ефикасноста на Lithoren®.

Една кутија Литорен содржи 14 pH ленти (т.н лакмус ленти) како и дијаграм во боја, за правилна проценка на pH вредноста на урината.

Овие тестови се дизајнирани да ја следат pH вредноста на урината и да ја одржуваат во нормални граници (6.2-6.8) вредност која ќе спречи создавање на нови камења во бубрег.

Се употребува една лента на ден со втората утринска мокрача, вредноста на обојувањето се вчитува на дијаграмот. Препораките е да се води дневник на вредности кои би можеле да ги приложите на вашиот лекар, се со цел да се утврди видот на камења кои е склон да ги создава вашиот организам.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се