МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна само во Скопје и истата е бесплатна со нарачка над 1.000 денари

Холестерол

Холестеролот е вид маснотија која се произведува во црниот дроб, но го внесуваме и преку храната. Одговорен е за обезбедување интегритет на ѕидот на клетките и нивна стабилност. Од него се синтетизираат хормони – кортикостероиди кои овозможуваат живот и функционирање во стресни ситуации, како и на тестостеронот, естрогенот и прогестеронот, најважните хормони за репродукција. Од холестеролот се синтетизира витаминот Д, неопходен за одржување здрави коски, производство на инсулин, заштита на нервниот и имунолошкиот систем на организмот, создавање жолчни киселини за разградување на мастите од храната и многу други значајни функции.

Холестеролот има две важни фракции:
• ЛДЛ холестерол или "лош холестерол". Овој дел од холестерол се таложи на крвниот сад доколку е вишок. Како резултат на оваа појава, крвниот сад се згуснува и сè повеќе ја губи својата еластичност.
• ХДЛ холестерол или „добар холестерол” што не се таложи на садот, чија висока вредност има кардиоваскуларен заштитен ефект.

Холестерол во крвта - симптоми, причини и решение како да го намалите холестеролот

Симптоми на холестерол:

• болки во градите или срцев удар
• атеросклероза
• церебрален мозочен удар
• болка во долните екстремитети како и тромбоза на вените со развој на тромбофлебитис
• нарушување на циркулацијата
• промени на кожата и промени на очите
• стомачни болки

Најчести причини за покачен холестерол се:

1. Дебелината - може да доведе до зголемување на LDL (лошиот холестерол).
2. Наследност - гените може да влијаат на метаболизмот на LDL (лошиот) холестерол. Луѓето со фамилијарно пореметување на холестеролот во крвта имаат зголемен ризик од рана срцева болест.
3. Физичката неактивност - Редовната физичка активност може да го намали нивото на триглицериди во крвта и да го зголеми нивото на HDL (добриот) холестерол
4. Психички стрес - тогаш се покачува нивото на хормоните на стресот, а холестеролот расте бидејќи е неопходен за нивно создавање.
5. Возраст и пол: кај лицата на возраст од 60 до 66 години, па дури и после 50-тата година,расте нивото на холестерол поради намалување на нивото на репродуктивните хормони, кои ги создава холестеролот.

Терапија:

• Омега-3 масни киселини,
• Витамин Е,
• Витамин Ц,
• Селен
• Разни антиоксиданси