KLAIRS Gentle Black Fresh Нежно масло, 150 мл

KLAIRS Gentle Black Fresh Нежно масло, 150 мл
1.399,00 ден.
1.119,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
052057C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Dear, Klairs Gentle Black Fresh Cleansing Oil е нежно масло со едноставна формула од само 6 состојки, без парфем и без мирис, наменето за чистење на лицето.

Toa e лесно и освежувачко масло кое длабински ја чисти кожата на лицето, а направено од 85% лесно природно масло. Со едноставни и нежни состојки како што се маслото од сончогледово семе, маслото од семе од грозје, маслото од семе од јојоба и маслото од црна рибизла кои ја хидрираат кожата и го регулираат балансот на вода и маснотии кај кожата. Исто така, ова масло е богато со витамин А, Б, и Ц и поседува силни антиоксидантни својства за да ја одржува кожата здрава.

Dear, Klairs Gentle Black Fresh Cleansing Oil нежно ги стопува и ги отстранува шминката, кожните нечистотии, мртви клетки и го регулира создавањето на себум. Наменето е за секојдневна употреба и на кожата ѝ дава завршница со свеж и чист изглед, без да остави мрсна трага. Се препорачува за комбинирана и масна кожа и за оние кои не сакаат тешки маслени чистачи.  

Тоа е вегански производ кој не содржи вештачки бои и ароми, етанол, минерални масла и сликони.

Двојното чистење е важен дел од рутината кај корејската нега на лицето, посебно кај вечерната рутина. Употребата на средство за чистење на маслена база, како масло или балсам пред чистењето со вообичаеното пенливо средство за чистење е многу важен чекор.

На крајот на денот после многубројните активности во затворен простор, но и на отворено, самата кожа лачи материи како пот и себум, но исто така собира штетни материи и загадувачи од околината, кои е неопходно темелно да се исчистат. На крајот на денот многу е важно темелно да се отстрани и шминката. Масленото средство лесно ја раствора шминката. Тоа нежно се втрива на сува кожа, а потоа се додава млака вода при што емулгира, односно создава пена, по што се измива. Овој чекор исто така помага во хидратација и подобрување на циркулација. По миењето со масло обично следи чистење со пенливо средство како втор чекор, но може да се употребува и како едиствен чекор за чистење на лицето, посебно кај сува кожа.

Клучни состојки:

  • Масло од семе од грозје
  • Масло од семе од црна рибизла
  • Масло од семе од јојоба

Пакување: 150 мл

Содржина

Состав: масло од семе од Helianthus annuus (сончоглед), каприлен /капрински триглицерид, PEG-20 глицерил триизостеарат, масло од семе од Vitis vinifera, масло од семе од Simmondsia chinensis (јојоба) масло од семе од Ribes nigrum (црна рибизла).

Употреба: се употребува како прв чекор од рутината за нега на лицето, самостојно или како дел од двојното чистење пред миењето со пенливо средство. Со суви дланки се нанесува на суво лице и нежно се масира. Најдобро е да се почне со масирање на челото, потоа носот и образите. По масирањето, не се отстранува со марамче, туку лицето се плакне 2-3 пати со млака вода.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се