KLAIRS Midnight Blue Смирувачка крема, 30 мл

KLAIRS Midnight Blue Смирувачка крема, 30 мл
1.390,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
052063C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Midnight Blue Calming Cream на Dear, Klairs е нежен крем богат со гвајазулен, кој пријатно и брзо ја смирува иритацијата. Мала количина од кремот се нанесува на областа на која и е потребно смирување, наутро и навечер по нанесување на тонер и серум. Изненадувачки факт е што мистериознo сината боја, не се должи на вештачко обојување, туку токму на оваа состојка од природно потекло, добиена од камилица.  

Овој крем исто така ефикасно ја обновува кожата благодарение на двојното дејство на пептидите sh-Oligopeptide-1 и sh-Polypeptide-1, попознати како фактори на раст EGF и bFGF.  

Sh-Oligopeptide-1 или EGF (фактор на епидермален раст) делува на епидермисот поттикнувајќи регенерација на кожата. Најефикасен е во отстранување на фините линии кои се појавуваат во дваесеттите и триесеттите години од животот.

Sh-Polypeptide-1, или bFGF (фактор на раст на фибробластите) делува длабоко во кожата, во нејзиниот дермис. Не само што ги поправа оштеувањата предизвикани од UVA зраците, туку поттикнува создавање на колаген, хијалуронска киселина и други телесни супстанци кои се намалуваат од оштетувањата предизвикани од UVA зраците. Има ефикасно дејство во подобрување на длабоките брчки кои се формираат од средина на триесетите години од животот.  

  • Производот е вегански

Не содржи етанол, силикони, парабени, вештачки бои и ароми. Направен е исклучиво од некомедогени состојки.

Клучни состојки:

  • Пептиди
  • Гвајазулен
  • Церамиди
  • Фермети
  • Хијалуронска киселина
  • Витамин Е

Пакување: 30 мл

Содржина

Состав: вода, цетил етилхексаноат, бутилен гликол, глицерин, натриум хијалуронат, каприлен/капрински триглицерид, екстракт од Celtella asiatica, сорбитан стеарат, цетил алкохол, путер од Butyrospermum parkii (шиа), масло од јатка од Argania spinosa, масло од семе од Simmondsia chinensis (јојоба), сорбитан сесквиолеат, глицерил стеарат, стеаринска киселина, екстракт од Portulaca oleracea, екстракт од цвет од Anthemis nobilis, церамид NP, полисорбат 60, канделила восок, хлорофенесин, токоферил ацетат, ксантан гума, акрилати/ C10-30 алкил акрилат кросполимер, екстракт од корен од Morus alba, трометамин, екстракт од Brassica oleracea italica (брокула), гвајазулен, ацетил хексапептид-8, лецитин, ацетил глутамат, sh-олигопептид-1, sh-олигопептид-2, sh-полипептид-1, sh-полипептид-9, sh-полипептид-11, бацилус/соја/ фолна киселина екстракт од ферменти, каприлил гликол, 1,2 хександиол.

Употреба: се користи локално, навечер со нанесување на подебел слој на областите кои имаат потреба од смирување или региите со акни. Исто така може да се користи како дневен или ноќен крем и да се нанесе на целото лице. Доколку не пружа доволна хидратација, може да се комбинира со хидратантен навлажнувач или серум. Кај сува кожа посебно потребно е да се додаде навлажнувач за дополнителна хидратација.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се