KLAIRS Midnight Blue Висококонцентриран серум, 20 мл

KLAIRS Midnight Blue Висококонцентриран серум, 20 мл
1.779,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
052061C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Midnight Blue Activating Drop e на Dear, Klairs и е висококонцентриран серум кој го стимулира обновувањето на кожата, ја подобрува нејзината еластичност, ги намалува пигментираните дамки и фините линии и ја намалува појавата на брчки. Исто така ги подобрува тенот и текстурата и на кожата ѝ дава здрав сјај.

Тоа е вечерен серум, кој e ефикасен во обновување на кожата благодарение на двојното дејство на пептидите sh-Oligopeptide-1 и sh-Polypeptide-1, попознати како фактори на раст EGF и bFGF.

Еден од најголемите фактори за појава на знаци на стареење на кожата е загубата на колаген. Како што колагенот се деградира, создава материи наречени пептиди. Тоа на кожата и праќа сигнал дека има загуба на колаген и дека има потреба од создавање на повеќе колаген. Затоа со нанесување на производи за нега на кожата кои содржат пептиди, успешно се намалува појавата на брчки и кожата добива помладешки изглед.

Sh-Oligopeptide-1 или EGF (фактор на епидермален раст) делува на епидермисот поттикнувајќи регенерација на кожата. Најефикасен е во отстранување на фините линии кои се појавуваат во дваесетите и триесетите години од животот.

Sh-Polypeptide-1, или bFGF (фактор на раст на фибробластите) делува длабоко во кожата, во нејзиниот дермис. Не само што ги поправа оштеувањата предизвикани од UVA зраците, туку поттикнува создавање на колаген, хијалуронска киселина и други телесни супстанци кои се намалуваат од оштетувањата предизвикани од UVA зраците. Има ефикасно дејство во подобрување на длабоките брчки кои се формираат од средина на триесетите години од животот.

  • Производот е вегански

Не содржи етанол, силикони, парабени, вештачки бои и ароми, а неговата сина боја се должи на природната состојка гвајазулен.

Клучни состојки:

  • Пептиди
  • Гвајазулен
  • Екстракт од боровница
  • Аденозин

Пакување: 20 мл

Содржина

Состав: вода, бутилен гликол, sh-олигопептид-1, sh-полипептид-1, екстракт од плод од Vaccinium angustifolium (боровница), лецитин, сорбитан сесквиолеат, 1,2-хександиол, каприлил гликол, PEG-60 хидрогенирано рицинусово масло, глицерин, хлорофенесин, гвајазулен, етилхексилглицерин, аденозин.

Употреба: се употребува по миење, а пред нанесување на тонер. Со пипетата се нанесуваат неколку капки директно на лицето а потоа со нежна масажа и нежно тапкање се нанесуваат рамномерно на кожата до целосно впивање.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се