KLAIRS Supple Preparation Unscented Тонер за лице, 180 мл

KLAIRS Supple Preparation Unscented Тонер за лице, 180 мл
1.290,00 ден.
1.032,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
052058C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Supple Preparation Unscented Toner е тонер без есенцијални масла и без мирис, чија формула има основа од различни растителни екстракти кои помагаат во балансирање на pH вредноста, и на кожата ѝ пружаат богата хидратација и нега. Отсуството на есенцијални масла ја намалува можноста за појава на иритација и црвенило што го прави погоден за чувствителна кожа. Екстрактот од азиска центела ја смирува кожата и го намалува црвенилото, додека бета-глуканот и натриум хијалуронатот даваат богата хидратација за полн и сјаен изглед на кожата.

Во корејската нега на кожатa клучни точки се балансот и хидратацијата. Хидратацијата е процес што започнува со миењето. Важно е третманот да го продолжите во првите минути по миењето за да ја задржите влажноста на кожата. По чистењето на лицето следи нанесувањето на тонер. Тонерот за лице е чекор кој не треба да се прескокнува ниту во дневната ниту во вечерната рутина за нега.

Следната функција на тонерот е хидратацијата и подобрување на апсорпцијата на производите од наредните чекори.

Балансот на pH-вредноста, односно киселоста на кожата е многу важен за нејзиното здравје. Ако кожата има ниска pH-вредност, може да страда од иритација, црвенило и акни, додека ако pH-вредноста е многу висока, предизвикува сувост и перутање. Тонерот ја враќа кожата во нејзината избалансирана состојба.

  • Производот е вегански

⠀Клучни состојки:

  • Натриум хијалуронат
  • Бета-глукан
  • Екстракт од азиска центела

Пакување: 180 мл

Содржина

Состав: вода, бутилен гликол, диметил сулфон, бетаин, каприлен/капрински триглицерид, нато гума, натриум хијалуронат, динатриум EDTA, екстракт од Centella asiatica, екстракт од корен од Glycyrrhiza glabra (сладок корен), поликватерниум-51, хлорофенесин, токоферил ацетат, карбомер, пантенол, аргинин, екстракт од плод/лист/стебло од Luffa cylindrica, бета-глукан, екстракт од цвет од Althea rosea, екстракт од лист од Aloe barbadensis, хидроксиетилцелулоза, екстракт од Portulaca oleracea, лизин HCL, пролин, натриум аскорбил фосфат, ацетил метионин, теанин, бакар трипептид-1.

Употреба: веднаш по миењето, на свежо но суво лице тонерот се нанесува со дланки. Потоа нежно се тапка со дланките по целото лице додека не се впие целосно остатокот од производот. На посуви делови од кожата се препорачува повеќекратно нанесување на тонерот едно по друго. Исто така, за блага ексфолијација, може да се користи со пребришување со памуче за лице или за интензивна хидратација да се постават памучиња за лице потопени со тонерот да отстојат 10-тина минути.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се