Крем чорба со био напиток од интегрален ориз на The Bridge

Вашата исхрана е ваша одговорност. Погрижете се за вашето здравје со вкусни рецепти со производите на THE BRIDGE.
Потребни состојки: 👇
- 🍶500 мл био напиток од интегрален ориз на The Bridge
- 🍚50 г варен ориз
- 🥔2 компири
- 🍄🟫150 г мешани свежи печурки
- 🍄🟫15 г мешани сушени печурки
- 🧅1 мал златен кромид
- 🥕1 морков
- 💚1 тиквичка
- ❤️4-5 ротквици
- 🌿1 гранче рузмарин
- 🌾Соја сос по вкус
- 🌶️Црн пипер
- 🫒Маслиново масло
- 🧂Сол
Начин на подготовка:👇
- Исечкајте го кромидот и пропржете го во тава со масло и сол
- Додадете ги исецканите свежи печурки, оставајќи дел настрана заедно со гранчето рузмарин
- Додадете го био напитокот од интегрален ориз и оставете да зоврие
- Додадете ги исечканите компири, сушените печурки и една лажица соја сос
- Гответе додека компирите не омекнат
- Исклучете го огнот, извадете го гранчето рузмарин и сето тоа ставете го во блендер, додадете малку маслиново масло додека не добиете мазна и течна смеса. Зачинете со сол
- Пржете ги преостанатите печурки и другиот исецкан зеленчук во тава со масло и сол, оставајќи ги крцкави, во истата тава додадете го оризот по потреба додедете масло и пржете на тивок оган додека не стане крцкав
- Сервирајте ја крем чорбата
Пријатно јадење 😌