KRKA Билобил интенс 120 мг, 20 капсули

Krka bilobil intens
KRKA Билобил интенс 120 мг, 20 капсули
306,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
018426C
favorite_border

Опис на производот

Билобил интенс капсулите содржат квантифициран, сув екстракт од лист од гинко. Припаѓаат на групата хербални лекови кои се употребуваат за ублжување на симптомите на деменција.

Деменцијата претставува хронично, прогресивно заболување на мозокот при кое највидлив знак е губење на памтењето. Капсулите Билобил интенс го подобруваат крвотокот и метаболизмот и на тој начин го спречуваат намалувањето на интелектуалниот капацитет кај сите видови на блага до умерена деменција. При нарушувања на крвотокот во екстремитетите, го ублажува чувството на ладно, трнење и нечувствителност, како и болки при одење.

Капсулите Билобил интенс претставуваат хербален лек кој се препорачува за ублажување на симптомите кај:

  • сите видови на блага до умерена деменција (примарна дегенеративна деменција, васкуларна деменција или мешана деменција), односно за ублажување на следните симптоми: намалување на помнењето и интелекуалниот капацитет, нерасположеност, вртоглавица, зуење во ушите, главоболка и нарушено спиење,
  • почетни нарушувања на крвотокот во екстремитетите во комбинација со соодветна физичка терапија, особено тренирање со пешачење.

Пакување: 20 капсули

Содржина

Состав: секоја тврда капсула содржи 120 мг сув, пречистен и квантифициран екстракт од лист од гинко.

Употреба:

Строго придржувајте се кон упатствата на лекарот. Ако не сте сигурни, обратете се кај вашиот лекар или фармацевт.

Сите видови на блага до умерена деменција (примарна дегенеративна деменција, васкуларна деменција или мешана деменција), односно за ублажување на следните симптоми: намалување на помнењето и интелекуалниот капацитет, нерасположеност, вртоглавица, зуење во ушите, главоболка и нарушено спиење.

Вообичаената доза 1 капсула, 2 пати на ден, најдобро наутро.

Почетни нарушувања на крвотокот во екстремитетите:
Вообичаената доза е 1 капсула, еднаш дневно, најдобро наутро.

Капсулите треба да се проголтаат со малку течност. Овој лек може да се зема независно од оброците.

Првите знаци на подобрување вообичаено се забележуваат по еден месец од употребата. За подолготраен ефект, особено кај повозрасните, се препорачува капсулите да се земаат најмалку три месеци. По три месеци, побарајте совет од вашиот лекар или фармацевт дали треба да продолжите да го земате овој лек.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се