KRKA Далерон перорална суспензија, 100 мл

KRKA Далерон перорална суспензија, 100 мл
145,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
002277C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Далерон содржи парацетамол кој ја инхибира синтезата на простагландините во централниот нервен систем, со тоа ја намалува покачената телесна температура и ја ублажува болката (ослободува од болка). Поради ефикасното и безбедно дејство на парацетамолот, лекот е особено погоден за деца.

Суспензијата Далерон ја намалува покачената телесна температурата која се јавува при бактериски и вирусни инфекции, како и реакциите кај децата кои се јавуваат по вакцинација.

Пакување: 100 мл

Содржина

Активната супстанција: парацетамол 5 мл перорална суспензија (1 перорален шприц) содржи 120 мг, парацетамол 1 мл перорална суспензија содржи 24 мг парацетамол.

Помошни супстанции: сорбитол (Е420), глицерол (Е422), ксантан гума (Е415), малтитол (Е965), микрокристална целулоза (Е460), натриум кармелоза (Е466), натриум бензоат (Е211), цитринска киселина (ЕЗЗО) за прилагодување на рН вредноста, вкус на ананас, рибофлавин (Е1О1) и прочистена вода.

Овој лек не содржи сахароза, така што може да се дава и на пациенти со шеќерна болест.

Суспензијата Далерон содржи сорбитол и малтитол, па затоа поголеми дози можат да предизвикаат нарушувања во желудникот и цревата (дијареа).

Бременост и доење: Советувајте се со вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек.

Суспензијата Далерон содржи працетамол кој може да се дава на деца.

Суспензијата Далерон нема влијание врз способноста за возење или за ракување со машини.

Строго придржувајте се кон упатствата на лекарот. Дозите не смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинете без да се посоветувате со лекар.

Препорачаната доза за деца е 10 до 15 мг парацетамол на кг телесна тежина. За попрецизно дозирање, заедно со лекот имате и шприц за перорална употреба. Измерете ја потребната количина со шприцот и испразнете ја во устата на детето. Можете и да го испразните шприцот во лажичка и потоа да му го дадете на детето.

Пред употреба, добро протресете го шишето. По употреба, добро затворете го шишето. Измијте го шприцот со вода, по употребата. 

Начин на чување: Лекот чувајте го на места недостапни за деца!

Да се чува на температура до 30°С.

Да се чува во оригиналното пакување за да се заштити од светлина.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се