KRKA Налгесин С 275 мг, 20 таблети

KRKA Налгесин С 275 мг, 20 таблети
162,00 ден.
146,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
029166C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Брзо се справува со болката

Налгесин С е лек против болка кој има повеќе придобивки.

Налгесин С е брзо решение за различни типови на болка: главоболка и мигрена, забоболка, менструална болка, болка во зглобовите и мускулите.

  • Има брз почеток на дејство, по само 15 минути
  • Има долготрајно дејство, до 12 часа
  • Помалку таблети во денот 
  • Има противвоспалително дејство

Пакување: 20 таблети

Содржина

Состав:

Активнu супстанции:  напроксен натриум. Секоја филм-обложена таблета содржи 275 мг напроксен натриум, што е еквивалентно на 251 мг напроксен.

Употреба:

Возрасни и деца на возраст над 12 години:

Вообичаената доза е 1 таблета на секои 8 до 12 часа (максимум 3 таблети на ден), се до повлекување на симптомите. На почеток на лекувањето можете да земете двојна доза: земете две таблети одеднаш или земете ја втората таблета еден час после првата.

Налгесин C не се препорачува кај деца на возраст од 2 до 12 години и не е соодветен за самолекување.

Деца на возраст до 2 години:

Налгесин C не треба да се употребува кај деца на возраст до 2 години.

Постари лица:

Ако сте на возраст над 65 години, по потреба земете 1 таблета на секои 12 часа, освен доколку вашиот лекар не ви препорачал поинаку.

Потребна е претпазливост кај пациенти со нарушена функција на црниот дроб или бубрежна слабост.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се