KRKA Пиковит сируп, 150 мл

KRKA Пиковит сируп, 150 мл
229,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
009030C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Сирупот Пиковит содржи девет есенцијални витамини кои имаат улога во регулацијата на бројни биохемиски процеси во телото.

  • Витамините од Б групата (Б1, Б2, Б6, пантотенска киселина и никотинамид) се вклучени во метаболизмот на јаглехидрати, протеини и масти, како и во функционирањето на нервниот  систем
  • Витаминот А е потребен за развој на епителните клетки и синтезата на пигментот за вид
  • Витамин Д ја регулира искористеноста на калциум и овозможува соодветна минерализација на коските и забите
  • Витамин Ц ја подобрува апсорпцијата на железо и е вклучен во различни процеси на оксидација - редукција во телото
  • Сирупот Пиковит ги задоволува зголемените потреби на телото за витамини и го надоместува недостатокот на витамини во исхраната кога општите мерки (разновидна и редовна исхрана) не се доволни

Сирупот Пиковит е наменет за деца од 1+ г :

  • При намален апетит
  • Прекумерен замор кај деца од училишна возраст
  • При ретардација (заостанување) во растот, како додаток на антибиотска терапија
  • Како додаток на витамини во исхраната, особено во зима и пролет

Пакување: 150 мл

Содржина

Состав:

5 мл сируп (1 одмерна лажичка) содржи:

900 .И.Е. витамин А, (vitaminum А) како ретинил палмитат
100 И.Е. холекалциферол (cholecalciferolum, витамин ДЗ)
50 мг аскорбинска киселина (acidum ascorbicum, витамин Ц)
1 мг тиамин хидрохлорид (thiamini hydrochloridum, витамин Б1)
1 мг рибофлавин натриум фосфат (riboflavini natrii phosphas, витамин Б2)
0.6 мг пиридоксин хидрохлорид (pyridoxini hydrochloridum, витамин Б6)
1 мкг цианокобаламин (cyanocobalaminum, витамин Б12)
5 мг никотинамид (nicotinamidum)
2 мг декспантенол (dexpanthenolum)

Помошни супстанции: агар, трагакант (Е413), сахароза, течна глукоза, вкус на масло од портокал, концентрат  од портокал, концентрат  од грејпфрут, полисорбат 80 (Е433), безводна  лимонска  киселина (ЕЗЗО), црвена  боја 4R  (Е124), натриум  бензоат  (Е211), прочистена вода.

Сирупот има портокалова боја и пријатен мирис.

Дозирање:

  • Вообичаена доза за деца на возраст од 1 до 3 години е 1 одмерна лажичка (5 мл) од сирупот два пати дневно
  • За деца на возраст од 4 до 6 години е 1 одмерна лажичка (5 мл) од сирупот три пати дневно 
  • За деца на возраст од 7 до 14 години е 1 одмерна лажичка (5 мл) од сирупот три до максимално четири пати дневно

Сирупот се дава по оброк со помош на одмерната лажичка или помешан со чај, џус (сок) или пасирано овошје.
Во случај на намален апетит, детето треба да го зема сирупот 1 месец, додека  при други состојби треба да се зема повремено, по потреба.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се