KRKA Септолете тотал лимон и бозел, 16 пастили

KRKA Септолете тотал лимон и бозел, 16 пастили
179,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
044139C
favorite_border

Опис на производот

Септолете тотал - тројна сила која брзо го враќа болното грло на правата фреквенција!

Септолете тотал е против - воспалителен, аналгетски и антисептичен лек за локална употреба во уста. Септолете тотал врши дезинфекција на устата и грлото и ги намалува симптомите на воспаление на грлото како што се болка, црвенило, оток, печење и нарушена функција.

  • Брзо ја ублажува болката
  • Го намалува воспалението
  • Дејствува против вируси, бактерии и габички
  • Не содржи шеќер

Пакување: 16 пастили

Содржина

Состав:

Активни супстанции: бензидамин хидрохлорид и цетилпиридин хлорид. Секоја пастила содржи 3 mg бензидамин хидрохлорид и 1 mg цетилпиридин хлорид.

Употреба

Возрасни:

Препорачана доза е 3 до 4 пастили на ден. Пастилата треба полека да се раствори во устата на секои 3 до 6 часа.

Деца на возраст над 12 години

Препорачана доза е 3 до 4 пастили на ден. Пастилата треба полека да се раствори во устата на секои 3 до 6 часа.

Деца на возраст од 6 до 12 години

Препорачана доза е 3 пастили на ден. Пастилата треба полека да се раствори во устата на секои 3 до 6 часа.

Деца на возраст под 6 години

Септолете тотал не смее да се користи кај деца на возраст под 6 години.

Немојте да го користите овој лек повеќе од 7 дена. Ако симптомите ви се влошат или се уште се присутни по 3 дена или ако се појават други симптоми, како покачена температура, консултирајте се со лекар.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се