MARISOL Ectoin Спреј за нос, 50 мл

MARISOL Ectoin Nasal Spray sprej za nos
MARISOL Ectoin Спреј за нос, 50 мл
402,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
034326C
favorite_border

Опис на производот

Marisol Ectoin спреј раствор за нос е изотоничен раствор на морска сол со ектоин. Наменет е за лица кај кои е отежната физиолошката функција на носната слузокожа, како и за одржување на секојдневна хигиена на носната шуплина, особено во сезона на алергии. Благодарение на ектоинот на сигурен и ефикасен начин ги ублажува симптомите на алергиски ринитис и ја штити носната слузокожа од алергени од надворешната средина.

Ектоин е природна супстанца која се добива од микроорганизми (екстремофили) кои живеат во многу неповолни услови (висока температура, УВ зрачење, притисок, салинитет). На така неповолни услови од средината, екстремофилите реагираат со лачење на ектоин, кој ги стабилизира клетките, го штити имуниот систем на кожата и остварува долготраен ефект на хидратација. Ја штити слузокожата на носот од иританси, алергени, делува цитопротективно, ги намалува воспаленијата и ја штити слузокожата од сушење.

Кога се користи Marisol Ectoin спреј?

  • За секојдневна хигиена на носот, посебно во сезона на алергии, но и превентивно
  • Кај зголемена изложеност на организмот на различни алергени како што се полен и прашина
  • Кај сува и надразнета слузокожа кај која е отежната нормална физиолошка функција
  • Кај вирусни настинки и кивавица од алергиско потекло
  • За време на патувања и престој во простории со централно греење и клима уреди
  • Непосредно пред употреба на капки за нос, за да се испере носната шуплина и да се овозможи подобар контакт на лекот со носната слузокожа

Пакување: 50 мл.

Содржина

Состав: 1 мл спреј содржи 10 мг ектоин, 9 мг морска сол.
Растворувач: прочистена вода.
Содржи конзерванс: бензалкониум хлорид 0,1 мг/мл.

Употреба:

  • Возрасни и деца над 1 година:  неколку пати дневно 1-2 распрскувања во секоја ноздрва
  • Доенчиња и деца помали од 1 години: 1 распрскување во секоја ноздрва, 2-3 пати дневно

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се