MARISOL Физиолошки капки за нос, 10 мл

Marisol Physiologica nasal drops kapki za nos
MARISOL Физиолошки капки за нос, 10 мл
136,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
000013C
favorite_border

Опис на производот

Капки за нос кои се наменети за лица кај кои е пореметена физиолошката функција на носната слузокожа како и за секојдневно одржување на хигиена на носната шуплина.

Marisol капките ја враќаат природната влажност на слузокожата на носот, способноста за самопречистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прашина и сл.).

Со редовно испирање на носната шуплина, неколку пати дневно, се намалува можноста за инфекции на горните дишни патишта.

Кога се користи Марисол капки?

  • За секојдневна хигиена на носот
  • Кај лица со непроодни дишни патишта, вирусни настинки и кивавици од алергиско потекло
  • Кај сува и надразнета слузокожа, чија нормална физиолошка функција е пореметена
  • Кај лица склони кој сушење на слузокожата на дишните патишта, во тек на патувања и престој во простории со централно греење и клима уреди
  • Непосредно пред употреба на капки за нос, како би се испрала носната шуплина и би се овозможил подобар контакт на лекот со носната слузокожа

Пакување: 10 мл.

Содржина

Состав:

  • 1 мл капки содржи 9 мг натриум хлорид
  • Растворувач: прочистена вода
  • Содржи конзерванс: бензалкониум хлорид 0,1 мг/мл

Употреба: во секоја ноздрва се капнуваат по 2-3 капки од растворот, се чека неколку секунди држејќи ја главата исправено.

Кај новороденчиња и деца се препорачува накапувањето на капките да биде во лежечка положба. Капките може да се користат по потреба, неколку пати дневно.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се