MARNYS Липозомален Витамин Ц 1000 мг, 20 шишенца
Опис на производот
MARNYS® VIT-C 1000 Liposomal Vitamin C е граничен производ наменет за зајакнување на имунолошкиот систем и антиоксидативните активности на организмот.
MARNYS® VIT-C 1000 содржи витамин Ц кој е инкапсулиран во липозоми. Липозомите се шупливи микроскопски сферични везикули составени од двослојна липидна обвивка. Имаат способност многу лесно да се апсорбираат преку цревните ресички во крвта и потоа постепено да го ослободуваат инкапсулираниот витамин Ц, со што се обезбедува висока биорасположливост и одржување на нивото на витаминот Ц во крвната плазма во тек на подолг временски период, споредено со конвенционалните формули.
Витаминот Ц е есенцијален хидросолубилен витамин кој има значителен придонес во одржување нормален енергетски метаболизам и за заштита на клетките од оксидативен стрес. Бројни научни студии ја потврдуваат неговата ефикасна антиоксидативна активност, посебно во органи како што се мозокот, црниот дроб, срцето и кожата.
Пакување: 20 шишенца х 10 мл
Содржина
Состав (во 10 мл):
% ПДВ* | ||
Витамин Ц | 1000 мг | 1250 |
*препорачано дневно внесување
Состојки: вода, натриум аскорбат (витамин Ц), концентрат од сок од портокал, ароми, регулатор на киселост (лимонска киселина), емулгатори (фосфатидилхолин, полисорбат 20), конзерванси (калиум сорбат), згуснувач (гелан гума), засладувач (сукралоза), боја (бета-каротен).
Пакувано во заштитена атмосфера.
Употреба: 1 шишенце на ден пред појадок.
Добро протресете пред употреба.
Мерки на претпазливост: Да не се надминува препорачаната дневна доза. Ако сте употребиле повеќе од препорачаното консултирајте се со Вашиот лекар. Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаено дозирање.
Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената.
Производот не треба да се користи како замена за балансирана исхрана. Ако имате проблеми со бубрезите не треба да земате повеќе од 200 мг витамин Ц на ден. Ако земате други лекови консултирајте се со Вашиот лекар, пред употреба на производот. Да се чува на на температура до 30ºС.