MARNYS Relahelp Dream, 30 капсули
Опис на производот
Marnys Relahelp Dream е граничен производ.
- Производ кој содржи комбинација од внимателно селектирани состојки кои придонесуваат за мирен сон и релаксација
- За возрасни кои имаат потешкотии при заспивање, проблеми во одржување на квалитетен сон во тек на ноќта или будење во тек на ноќта и неможност за повторно заспивање
- Придонесува за релаксација и помага во справување со стресни состојби на работа или од лични причини
- Погодно за вегани
- Погодно за лица со целијакија
Marnys Relahelp Dream содржи:
- Мелатонин - кој помага во намалување на времето потребно за заспивање и го олеснува субјективното чувство на промена на временски зони (jet lag)
- Витаминот Б6 - кој придонесува за:
- Нормално функционирање на нервниот систем
- Регулирање на хормоналната активност
- Нормална психолошка функција
- Намалување на заморот и исцрпеноста
- Маточина - која помага во релаксација и одржување на здрав сон
- Пасифлора, валеријана и калифорниски афион - традиционално се користат за подобрување на сонот и релаксација
- L-Theanin - амино киселина позната во способноста за релаксација
- Црн пипер – богат со пиперин состојка со значајни антиоксидативни карактеристики
Пакување: 30 капсули.
Содржина
Состав:
| Состојки | 1 капсула | %ПДВ* |
| Валеријана | 100 мг | / |
| Маточина | 100 мг | / |
| Пасифлора | 100 мг | / |
| Калифорниски афион | 100 мг | / |
| Црн пипер (бибер)** | 71.4 мг | / |
| Л-теанин | 50 мг | / |
| Мелатонин | 1.95 мг | / |
| Витамин Б6 | 1.14 мг | 81 |
*Препорачано дневно внесување
**Обезбедува 5 мг пиперин
Состојки: концентрат во прав од корен од валеријана (Valeriana officinalis), концентрат во прав од лист од маточина (Melissa Officinalis), концентрат во прав од лист од пасифлора (Passiflora incarnata), концентрат во прав од воздушни делови од калифорниски афион (Eschscholzia californica), концентрат во прав од олеорезин од црн пипер (Piper nigrum), Л-теанин, средство за зголемување на волуменот (микрокристална целулоза), мелатонин и витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид).
Состав на обвивката од растителна капсула: хипромелоза и боја (жолт железен оксид).
Употреба: За возрасни, се препорачува 1 капсула на ден, по можност пред спиење.
Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза. Да не се употребува како замена за разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот. Во случај на пречувствителност на било која состојка престанете со употреба на производот. Ако имате било каков медицински проблем, консултирајте се со Вашиот лекар, пред употреба на производот. Ако сте бремени или доите, консултирајте се со Вашиот лекар, пред употреба на производот. Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаено дозирање. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Да се чува подалеку од дофат на деца. Да се чува на температура до 30°C.