MAYBE BABY Мини микроскоп за одредување на плодни и неплодни денови

Maybe Baby mini mikroskop
MAYBE BABY Мини микроскоп за одредување на плодни и неплодни денови
1.090,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Шифра
025050C
favorite_border

Опис на производот

Што е Maybe Baby:

Мини микроскопот за овулација е индивидуален медицински дијагностички инструмент, за секојдневна употреба, со кој преку плунката e можно да се детектираат плодните и неплодните денови за време на менструалниот циклус кај жените. Заради зголеменото ниво на естрогените хормони за време на плодните денови, количината на соли во плунката се зголемува. Преку оптичкиот систем кој зголемува 52 пати, кристализираните соли во сувиот примерок на плунка може да бидат видени како “Папратов лист". 

За кого е наменет Maybe Baby:

  • За парови кои сакаат деца
  • За парови кои не сакаат деца
  • За парови кои парови кои сакаат деца но имаат проблеми и сакаат да знаат кога зачнувањето е најверојатно (секундарна сетрилност)
  • За парови кои сакаат поголема веројатност од саканиот секс да доведе до раѓање на дете
  • За жени со нередовен циклус
  • За парови кои сакаат да водат интимен живот без стресови
  • За жени кои не сакаат да користат хемиски контрацептивни средства и да го избегнат ризикот од нивниот штетен ефект.

Содржина

Материјал: ABS пластика

Кога е можно зачнувањето?
Менструалниот циклус кај жената го вклучува времето од почетокот на една менструација до почетокот на следната. На средина на циклусот доаѓа до овулација-женската матка достигнува зрелост. Тоа е времето кога мукозната мембрана на матката созрева и е подготвена да прими оплодено јајце. Биолошките својства на овумот велат дека зачнувањето е можно во одредена точка за време на циклусот кој се поклопува со овулацијата. Земајќи во предвид дека женското јајце е способно за да биде оплодено најдолго во рок од 48 часа по овулацијата, и дека сперматозоидот го задржува капацитетот за да го оплоди јајцето дури и до дена по ејакулацијата, плодниот период се проценува дека е 6 дена на средина на циклусот.

Co Maybe Baby можете да ги видите следните 3 слики:

Maybe-Baby

Слика А (точкеста структура)
Од започнувањето на менструацијата па 3-4 дена пред овулацијата, како и 2-3 дена по овулацијата па се до почнувањето на следната менструација сувиот примерок на плунка дава ТОЧКЕСТА СТРУКТУРА без никаква особена форма. Ова е период на НЕПЛОДНИ ДЕНОВИ за чие времетраење жената не може да остане бремена.

Слика В/С (мешана и папратна структура)
Околу 3-4 дена пред овулацијата, во примерокот на сува плунка, покрај точките, почнуваат да се појавуваат гранчиња од папрат (В). На денот на овулацијата, папратната структура е најгуста (С). За време на следните 2-3 дена, повторно имаме мешана структура (В). Целиот период е период на ПЛОДНИ ДЕНОВИ за време на кои жената, доколку има сексуален однос, може да остане бремена.

Со мини-микроскопот можете да:

  • Избегнете несакана бременост - за време на периодот во кој се појавуваат точкести структури, односот не може да доведе до зачнување, а кога се појавуваат мешани и папратни структури треба да се употребува било кое природно контрацептивно средство
  • Ce дефинира најпогодниот период за планирање на потомство (за време на периодот во кој се појавуваат мешани и папратни структури, се препорачува почест сексуален однос)
  • Се одреди денот на овулација со секундарна стерилност - појавувањето на најгустата папратна структура примерокот соодветствува со денот на овулација (се препорачува сексуален однос)

Има влијание врз полот на вашето дете до одредена мера - кога првите знаци на папратна структура почнуваат да се појавуваат, поверојтно е да се зачне девојче, а кога се појавуваат најгустите папратни структури, момче.

Како се користи:
Наутро или во текот на денот најмалку 3 часа пред миење на забите, јадење, пиење или пушење, ставете плунка (само една капка) без меурчиња на стаклената површина на оптичкиот дел.

Важни напомени за употребата на Maybe Baby:

  • Врз точноста на одредување на плодните денови може да влијаат: акутна инфекција и воспаление на усната шуплина, остатоци од храна, алкохол, лекови и пушење
  • Индивидуалната употреба на инструментот се препорачува од хигиенски и здравствени причини
  • Не потопувајте го инструментот во вода и заштитете го од прашина, влага и од јака топлина
  • Плунката мора мора да биде целосно сува
  • Производителот и дистрибутерот не може да биде одговорен за неправилна употреба на инструментот или погрешно толкување на напишаното

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се