MEDICAL Гел за дезинфекција на раце 75 мл

MEDICAL Гел за дезинфекција на раце 75 мл
82,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048019C
favorite_border

Опис на производот

Години наназад, етил алкохолот бил користен како ефикасно антисептично средство, во рамките на здравствената заштита, за да се избегне пренесување патогени микроорганизми. Оттаму и инспирацијата за создавање Medical гел за дезинфекција на раце, каде активната компонента ќе биде етилалкохолот.

Medical гелот содржи оптимално приспособена концентрација на алкохол кој овозможува уништување на 99, 9 % (исклучок се некои спори на бактерии) од бактериите кои се среќаваат на рацете, а се најчести причинители на гастроинтестинални и на респираторни инфекции.

Medical гелот може да се користи како додаток во одржувањето хигиена на рацете (антисептик на дланка) или како алтернатива за миење на рацете, во услови кога сапунот и водата се недостапни.

Пакување: 75 мл

Содржина

Доволно е мало количество од гелот да нанесте на рацете, лесно да го размачкате и да го оставите да се исуши на воздух, дезинфекцијата започнува по 30 секунди од нанесувањето. 

Medical гелот е збогатен со емолиенси и пријатен мирис на Алое вера, па може да се користи повеќепати во текот на денот, при што кожата останува нежна, мека и освежена.

Medical гелот е прикладен за користење во: болници, ординации, училишта, градинки, хотели, ресторани, канцеларии и во јавни тоалети.

За превентива од инфекции, особено е добро Medical гeлот да го имате со вас:

  • По користење тоалет, особено јавни тоалети
  • Пред да имате контакт со храна
  • По кивање, кашлање и секнење на носот

Направени се многубројни статистики и докажано е дека луѓето кои користат гел за дезинфекција на рацете на база на алкохол, како додаток во одржувањето хигиена на рацете, 59% помалку заболуваат од гастроинестинални и од респираторни инфекции.

Заштитете се ВИЕ и ВАШЕТО семејство, користете Medical гел:

  • Креиран за брза дезинфекција на рацете, без вода и сапун
  • Уништува 99,9% од бактериите, причинители на гастроинтестинални и респираторни инфекции
  • Дејствува по 30 секунди од нанесувањето
  • Специјална формулација со додаток на емолиенси и мирис на Алое вера, за нежна, мека и освежена кожа

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се