MEDISIGN MS-2 Тест ленти за гликемија 50 ленти

MEDISIGN MS-2 Тест ленти за гликемија 50 ленти
699,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
023405C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

MEDISIGN МЅ-2 Тест ленти за мерење на шеќер во крв

СЕ 0123

  • Пред употреба внимателно прочитајте го упатството за употреба
  • За употреба со MM1100 системот за мерење на шеќер во крв
  • За ин витро дијагностичка употреба, за само-тестирање
  • Надворешна употреба
  • Да се чува на места недостапни за мали деца и за миленичиња
  • Да се чува во добро затворено шишенце на температура од 4-30°С заштитено од директна сончева светлина. Да не се замрзнува.
  • Тест лентите чувајте ги на места заштитени од висока температура и влага.
  • Фрлете ги сите неискористени тест ленти, 6 месеци по првото отворање на шишенцето
  • Чувајте ги тест лентите во оригинално пакување. Ако капачето не е добро затворено, немојте да ги користите тест лентите.
  • Тест ленатата е само за еднократна употреба. Никогаш не ја употербувајте повторно.

Пакување: 50 тест ленти во кутија

Содржина

Хемиски состав: Глукоза оксидаза (Aspergillus niger), медијатор, бафер и нереактивно средство.

Употреба: Medisign МЅ-2 Тест лентите за мерење на шеќер во крв се дизајнирани за употреба со Medisign MM1100 системот за мерење на шеќер во крв. Тест лентите се наменети за  квантитативно одредување на концентрацијата на глукоза во капиларна полна крв земена од прст или алтернативно од дланка и подлактица од страна на самите пациенти со дијабет или од страна на здравствените работници кои му помагаат на пациентот во справување со дијабет.

Наменети се за надворешна употреба (ин витро дијагностичко средство) и не се наменет за дијагностицирање или скрининг на дијабет, ниту пак за употреба кај новороденчиња или користење на артериска крв. Алтернативниот начин на тестирање (земена крв од дланка или подлактица) со овој систем може да се користи само во услови на стабилно ниво на глукоза во крвта.

Принцип на тестирање: Глукозата од примерокот на крв реагира со глукоза оксидаза на тест лентата и се создава безопасна електрична енергија која се мери со мерач и се покажува како резултат.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се