MEDITRINA Литорен, 30 кесички
Опис на производот
Meditrina Lithoren е граничен производ.
- Содржи калиум цитрат, магнезиум цитрат и пиридоксин како состојки со физиолошки ефект
- Lithoren® не содржи натриум
- Калориската вредност на Lithoren® е помала од 50 KJ (12 kcal) на 100 г
Како граничен производ се употребува со цел :
- Да го обезбеди телото со важни елементи како што се калиум, магнезиум, пиридоксин и цитрати
- Нормализација на pH на урината
Пакување: 30 кесички и pH - мерни ленти за поточно одредување на pH на урината.
Производител: INALME S.R.l, Industria Erboristica, Via Cosmo Mollica Alagona, 95121 Catania, Италија.
Содржина
Состав: Секоја кесичка Lithoren® содржи 2.7 г калиум цитрат што одговара на 975 мг или 25 mEg на калиум (препорачана дневна доза на калиум 2 г), 376 мг магнезиум цитрат што одговара на 60 мг или 5 mEg на магнезиум (Препорачана дневна доза на магнезиум 300 мг) и 25 мг пиридоксин (препорачана дневна доза на пиридоксин 1.5 мг), засладувач: сукралоза, средство за закиселување: лимонска киселина, подобрувач на вкус: арома на портокал.
Употреба: Дозата на Lithoren® треба да биде 1-2 кесички дневно (наутро и навечер подеднакво). Вечерната доза е поважна од утринската доза. Соодветната доза треба да ја регулира pH на урината помеѓу 6.2 и 6.8. Долгорочно, pH на урината ќе треба да се следи прецизно со помош на pH - мерните ленти кои се наоѓаат во пакувањето на Lithoren®, така што да остане во нормалните граници.
Начин на употреба: Секоја кесичка Lithoren® се раствора во 150 мл вода (една мала чаша). Добиениот раствор е бистар, има боја и вкус на портокал. Додавањето на различна количина на вода влијае на вкусот, но не и на ефикасноста на Lithoren®. Во случај кога се потребни помали дози (на пример за деца) тоа може да се постигне со подготовка на раствор Lithoren®. Овој раствор е стабилен најмалку 24 часа ако се чува во фрижидер (2-8°C).
Одредување на pH на урината: Опсегот за мерење на pH на лентите е 4.50 до 9.00. Најрепрезентативната слика на киселоста на урината се добива од второто утринско празнење на мочниот меур. Пациентот до контролата на pH на урината од второто утринско празнење на мочниот меур не треба да зема храна или течности. За најдобри резултати, pH треба да се проверува еднаш дневно, по можност навечер пред спиење и најмалку 3 часа по оброкот, или по пиење на кафе, чај, газирани пијалаци, вино или пиво кои силно влијаат врз pH вредноста на урината. Влијанието на Lithoren® врз pH на урината е моментна, уште по првата доза. Така што, пациентот може лесно и брзо да ја прилагоди pH вредноста на неговата урина и за таа цел да ја одреди оптималната доза на Lithoren®.
Мерки на претпазливост: Не ја надминувајте максималната препорачана дневна доза. Граничните производи не се замена за урамнотежена исхрана. Lithoren® не треба да се употребува кога истовремено постои хиперкалемија или во патолошки услови кои укажуваат на хиперкалемија. Ваквите патолошки состојби се хронична срцева слабост, тешка бубрежна инсуфициенција, нерегулиран дијабетес, акутна загуба на електролити (на пример, дехидрација од дијареа). Lithoren® не треба да се употребува со диуретици кои штедат калиум (amiloride/Frumil, spironolactone/Aldactone, eplerenone/Inspra). Не треба да се употребува кај пациенти со активна инфекција на уринарниот тракт предизвикана од бактерии кои ја разградуваат уреата или од бактерии кои се поврзани со формирање на воспалителни камења.
Бидете посебно внимателни со граничниот производ Lithoren® во ситуација на хиперкалемија: Нормалната серумска концентрација на калиумови јони се движи помеѓу 3.5 и 5.0 mEq/L. Лесната хиперкалемија често е асимптоматска и се третира со благи медиуми. Се препорачува периодично тестирање на калиумот кај пациенти со фактори на ризик за хиперкалемија.
Калиум цитратот е хигроскопски. Чувајте го препаратот на место каде што нема влага. Поради влагата, во внатрешноста на кесичките може да се создадат згрутчувања од кристали (пелети). Згрутчувањето е природен феномен кој не влијае на карактеристиките или ефикасноста на Lithoren®. Десикантот кој се наоѓа во пластична кеса е наменет за заштита на pH - мерните ленти од влага. Ако pH - мерните ленти дојдат во контакт со влага, тие ја губат точноста при мерењето на pH вредноста. Не го отстранувајте десикантот од пластичната кеса. Не употребувајте го препаратот по истекот на рокот на употреба наведен на пакувањето. Овој граничен производ не е наменет за превенција, терапија или лекување на болести кај луѓето. Консултирајте се со Вашиот лекар ако сте бремени, доите, примате терапија со лекови или имате здравствени проблеми. Не постојат доволно податоци од употребата на Lithoren® кај бремени жени. Lithoren® може да се употребува кај бремени жени кога користа го надминува потенцијалниот ризик за бремената жена или за фетусот.
Да се чува подалеку од дофат на деца. Да се чува на температура од 15-30°С. Чувајте го препаратот на место каде што нема влага.