MenoQUICK Брз тест за менопауза

MenoQUICK Брз тест за менопауза
412,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
052399C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

MenoQUICK е квалитативен тест за домашна употреба за откривање на статусот на менопауза со 99,9% точност. Тестот ја мери концентрацијата на фоликуло-стимулирачкиот хормон (FSH) во урината и покажува дали жената влегла во менопауза или не. Ова знаење дава можност да се разговара за хормонски третман со гинеколог или лекар за да се оцени ризикот од остеопороза.

MenoQUICK го детектира нивото на FSH за да докаже дали жената влегла или не во перименопауза (времето кога јајниците постепено почнуваат да создаваат помалку естроген). Ако жената знае дека веќе влегла во перименопауза, таа има можност да ги преземе неопходните чекори за да го одржи своето тело здраво и да ги избегне ризиците поврзани со менопаузата (на пример, остеопороза, зголемен крвен притисок, висок холестерол).

Пакување: пакетот ги содржи сите елементи потребни за тестот: 2 тест касети со 2 пипети и вреќичка против влага во запечатена торбичка и упатство за употреба.

Дополнителни информации:

За да го направите тестот, користете ја првата утринска урина која содржи најголема концентрација на хормони и ви дава најточни резултати. Ако сепак добивате менструација, првиот тест треба да се направи во текот на првата недела од менструалниот циклус (ден 2-7, со првиот ден како прв ден од менструацијата). Една недела подоцна, нивото на FSH треба повторно да се одреди со помош на вториот тест уред. Доколку немате редовен менструален циклус, направете го првиот тест во секое време од месецот, а вториот тест една недела подоцна. Оралните контрацептиви, хормонската терапија или додатоците на естроген може да влијаат на нивото на FSH и да предизвикаат лажно негативни резултати. Туморите на јајниците или хипофизата може да предизвикаат лажно негативни резултати. Овој тест не смее да се користи за одредување на плодноста. Одлуките за контрацепција не треба да се носат врз основа на резултатите од тестот.

Содржина

Упатство чекор по чекор за самостојно тестирање:

  1. Соберете ја вашата урина во чист и сув сад. Тестот треба да се изведе веднаш.
  2. Отстранете ја тест-касетата од торбичката пред да го изведете тетсот. Оставете го уредот на чиста и рамна површина.
  3. Употребете ја пипетата за да повлечете урина од садот за собирање примерок и додадете 3-4 капки во вертикална позиција во бунарот за примерок (S).

Ве молиме внимавајте да нема течност на прозорчето за резултат означено со буквите (Т) и (C). По додавањето на капки од примерокот да не се поместува уредот за тестирање.

Прочитајте го резултатот по 5 минути откако сте додале 3-4 капки. Лажни позитивни резултати може да се појават по период подолг од 10 минути.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се