MILUPA Страчатела млечни житарици (12+ месеци) 250 г

MILUPA Страчатела млечни житарици (12+ месеци) 250 г
179,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
051901C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

MILUPA ГО ПОДДРЖУВА РАЗВОЈОТ НА ВАШИТЕ БЕБИЊА ЧЕКОР ПО ЧЕКОР

Повеќе од 90 години ја користиме целата наша умешност и знаење за да ги развиеме нашите млечни каши, скроени според природниот развој на бебето. Тие го содржат тоа што им треба на малите стомачиња.

Milupa нуди разновидни балансирани житарици за доенчиња и мали деца кои се посебно осмислени за да му ги обезбедат на Вашето малечко потребните хранливи материи за раст и развој. Milupa житариците за бебиња од 12 месеци натаму, обезбедуваат поголема разновидност во исхраната на бебето, градејќи со тоа темел за добри навики во исхраната во подоцнежниот живот. Разновидноста во исхраната на Вашето малечко може да ја зголемите со помош и на другите вкусови од Milupa житариците

  • Преработена храна на житна основа за доенчиња и мали деца
  • Нов рецепт
  • Со чоколадни парчиња
  • Високо квалитетни житарици од специјално тестирани полиња
  • Витамини и минерали - железо, калциум и витамин Д
  • Без конзерванси и вештачки бои
  • Диететски производ
  • Го олеснува преминувањето на цврста храна
  • Лесна за дигестија
  • Нутритивно балансирана
  • Без додаден шеќер (содржи природни шеќери)
  • Без глутен

Milupa млечните житарици - Страчатела се наменети за доенчиња во периодот на дохрана и се соодветни како прв избор на дохрана. За оптимален раст, развој и здравје на доенчињата, Milupa ги поддржува препораките на СЗО за ексклузивно доење до 6 месечна возраст, со продолжување на доењето заедно со безбедна и соодветна дополнителна храна, сé до втората година од животот. Користењето на овој производ од 6 месеци натаму треба да е во консултација со здравствен работник.

Нашите млечни житарици се направени со млечна формула. Тоа значи дека секоја лажица на житна каша обезбедува уште подобар баланс на хранливи состојки потребни за раст и развој на Вашето бебе. Содржат железо, калциум и витамин Д.

Пакување: 250 г

Содржина

Состав: житарици (оризово брашно) 43%, обезмастено млеко во прав 23%, деминерализирана сурутка во прав (од млеко) 11%, парчиња млечно чоколадо [шеќер, какао путер, полномасно млеко во прав, какао маса, природна арома на ванила, соја лецитин (емулгатор)] 10%, растителни масла [палмино масло, масло од маслодајна репка, кокосово масло, високоолеинско сончогледово масло, соја лецитин (емулгатор)], шеќер, арома (природна арома), минерали (калциум карбонат, железо три пирофосфат, калиум јодид), витамини (малтодекстрин од компир, Л-аскорбинска киселина, ДЛ-алфа токоферил ацетат, ретинил ацетат, холекалциферол, Д-биотин, тиамин мононитрат, пиридоксин хидрохлорид).

Алергени: млеко и соја

Употреба:

За здравјето на Вашето доенче секогаш внимателно следете ги упатствата. Неправилна употреба или подготовка може да му наштети на здравјето на Вашето бебе. Користете чист сад и лажица за хранење.

1. Ставете 40 г (приближно 5 супени лажици) Milupa житарици во чист сад

2. Додајте 160 мл млака (50°C), претходно превриена вода

3. Мешајте додека не добиете конзистенто пире и проверете ја температурата на житариците пред хранење (37°C). Ве молиме подготвувајте свежи житарици и не ги користите остатоците од претходниот оброк.

Пакувањето чувајте го цврсто затворено, на ладно и суво место, не во фрижидер. Производот чувајте го заштитен од контаминација. Секогаш користете сува лажица при земање од кутијата. Искористете во рок од 3-4 недели по отварањето.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се