MULTILAC Синбиотик 10 капсули
Опис на производот
Производ кој содржи:
- Пробиотска компонента - девет изолирани соеви живи култури на корисни бактерии
- Пребиотска компонента - олигофруктоза
Живите соеви на корисните бактерии ја обновуваат и одржуваат рамнотежата на гастроинтестиналната микрофлора, додека пребиотската состојка е извор на енергија неопходна за раст на корисните бактерии, овозможувајќи нивна продолжена активност во гастроинтестиналниот тракт.
Се препорачува:
- За и по терапија со антибиотици
- Како помош при пореметување на функцијата на цревата (опстипација и дијареа од различно потекло)
- Во период на чести инфекции
Пакување: 10 капсули
Содржина
Состав:
Активни супстанции | 1 капсула содржи |
Девет различни соеви лиофилизирани корисни бактерии | 4,5 милјарди бактерии (4, 50 x 10⁹ CFU*) |
Lactobacillus helveticus | 9,0 x 10⁸ CFU* |
Lactoccocus lactis | 9,0 x 10⁸ CFU* |
Bifidobacterium longum | 6,75 x 10⁸ CFU* |
Bifidobacterium breve | 4,50 x 10⁸ CFU* |
Lactobacillus rhamnosus | 4,50 x 10⁸ CFU* |
Streptococcus thermophilus | 4,50 x 10⁸ CFU* |
Bifidobacterium bifidum | 2,25 x 10⁸ CFU* |
Lactobacillus casei | 2,25 x 10⁸ CFU* |
Lactobacillus plantarum | 2,25 x 10⁸ CFU* |
Пребиотска состојка: олигофруктоза | 63 мг |
CFU*единица на формирање колонии
Останати состојки: пченкарен скроб, прежелатинизиран пченкарен скроб, маслиново масло.
Средство против згрутчување - магнезиум стеарат, згуснувачи - хидроксипропилметилцелулоза, алгинска киселина и гума од семе на рогач, боја - титан диоксид, средство за глазирање - шелак, гелан гума, стабилизатор - триетил цитрат, антиоксиданс - аскорбинска киселина.
Дозирање:
Возрасни: 1 капсула дневно, се препорачува навечер пред спиење.
Деца: 1 капсула дневно, се препорачува навечер пред спиење (наменети за деца кои можат да проголтаат капсула).