MYLAN Бруфен 400 мг, 30 таблети

MYLAN Бруфен 400 мг, 30 таблети
279,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
025155C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Бруфен филм обложените таблети припаѓаат на групата лекови наречени нестероидни анти-инфламаторни лекови или НСАИЛ. Бруфен филм обложените таблети се користат против болка и инфламација во состојби како остеоартритис, ревматоиден артритис, артритис на кичмениот столб, анкилозирачки спондилитис, бурзитис, тендинитис, теносиновитис, болка во долниот дел на грбот, исчашување и истегнување.

Бруфен филм обложените таблети исто така можат да се користат за третирање на други болни состојби, како забоболка, постоперативна болка, менструална болка и главоболка, вклучувајќи и мигрена.

Пакување: 30 таблети

Содржина

Состав: една таблета содржи 400 мг ибупрофен.

Употреба:

Возрасни и деца над 12 годишна возраст: вообичаената доза е 600 мг-1.800 мг, распоредено преку денот. Вашиот лекар може да ја зголеми или намали дозата, зависно од тоа за што сте третирани, но не повеќе од 2.400 мг за еден ден.

Деца: вообичаената доза кај деца е 20 мг/кг телесна тежина на ден. Бруфен филм обложените таблети не треба да се употребуваат кај деца со телесна тежина под 7 кг.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се