MYLAN Бруфен сируп, 100 мл

MYLAN Бруфен сируп, 100 мл
189,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
025156C
favorite_border

Опис на производот

Бруфен сирупот се користи против болка и инфламација во состојби како остеоартритис, ревматоиден артритис, артритис на кичмениот столб, болки во долниот дел на грбот, исчашувања и истегнувања.

Се користи и за третирање на други болни состојби како забоболка, постоперативна болка, менструална болка, главоболка, вклучувајќи и мигрена.

Пакување: 200 мл

Содржина

Состав: активна супстанца е ибупрофен. 

Останати состојки се: конзерванси (метил парахидроксибензоат Е218, пропил парахидроксибензоат Е216, натриум бензоат Е211), сахароза, лимонска киселина монохидрат, глицерин, сорбитол, полисорбат 80, арома (портокалово) Е110, агар, прочистена вода.

Дозирање:

Доза за возрасни и деца над 12 години: Вообичаена доза е 4 до 6 лажици 5 мл три пати на ден.

Телесна тежина треба да се користи при пресметување на дозата (возраста е дадена приближно)

Телесна тежина Возраст Дозирање
> 5 кг 3 - 6 месеци 5 мг/кг 3 пати на ден
7 - 10 кг 6 - 12 месеци 2, 5 мл 3 пати на ден
10 - 14 кг 1- 2 години 2,5 мл 3 до 4 пати на ден
14,5 - 25 кг 3 - 7 години 5 мл 3 до 4 пати на ден
25 - 40 кг 8 - 12 години 10 мл 3 до 4 пати на ден

Дозата треба да се дава на секои 6 часа. Бруфен сирупот не смее да се употребува кај деца на возраст под 3 месеци или деца кои тежат помалку од 5 килограми.

Бременост, доење и плодност: бремените жени не треба да користат Бруфен во текот на трите последователни месеци од бременоста.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се