NATURAL WEALTH Колаген витал, 500 мл

NATURAL WEALTH Колаген витал, 500 мл
1.441,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
042105C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Долгорочната суплементација на колаген претставува ефективна заштита на зглобовите, зголемена еластичност на меките сврзни ткива, како и целосно и побрзо опоравување од болка и воспаленост. Колагенот се содржи од специфични витални аминокиселини аргинин, пролин, глицин и хидроксипролин.

Претставува основен структурен протеин кој ги оформува меките сврзни ткива, и зглобовите, коските, тетивите, лигаментите, ‘рскавиците и кожата.

Оптималната мобилност на зглобовите е резултат на здрави ткива на зглобот и негова еластичност. Колагенот е неопходен како основна компонента на овие ткива. Спортистите се често изложени на ризик од повреда на колената или другите зглобови поради постојаниот напор врз зглобовите при физичка активност.

Колаген Витал е течен додаток во исхраната со хидролизиран колаген кој е извор на биоактивни пептиди на колаген со висока растворливост, сварливост како и апсорпција и специфични аминокиселини кои лесно се апсорбираат во организмот, збогатени со витамин Ц, цинк, манган и хијалуронска киселина.

  • Има позитивни ефекти врз одржувањето на здравјето, виталноста и младоста
  • Витаминот Ц придонесува за нормално формирање на колаген за нормална функција на кожата и 'рскавицата
  • Цинк придонесува за одржување на нормална коса, кожа и нокти
  • Манган придонесува за нормално формирање на сврзно ткиво
  • Хијалуронска киселина има уникатна способност да се врзува и задржува вода
  • Нивото на колаген се намалува по 25- годишна возраст

Поволно влијае на:

  • Кожата - ги намалува брчките, ја зголемува еластичноста на кожата, ја подобрува структурата на кожата и ја намалува видливоста на целулитот
  • Ноктите - го подобрува изгледот и растот на ноктите
  • Зглобовите - ја зголемува содржината на протеогликани во зглобовите, ја намалува болката во зглобовите

Пакување: 500 мл

Содржина

Состав:
Една доза (25 мл) содржи:           

    %ПДВ
Хидролизиран колаген 5000 мг  
Витамин Ц  100 мг 125
Цинк 10 мг 100
Манган  2 мг 100
Хијалуронска киселина 30 мг  

*препорачано дневно внесување

Употреба: Земете доза од 25 мл еднаш на ден. Промешајте пред употреба.
Високо концентриран: 5 г колаген во доза (25 мл).
Течна форма - брза апсорпција.
Одличен вкус на јагода, без шеќер.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се